„Полу-финале или полуфинале“ – Тестирајте се колку добро го владеете македонскиот правопис низ 10 примери

Срастените прилози од предлог и прилог или именка се пишуваат слеано, па оттука:

1. Безброј;

2. Догодина;

Сложените придавки во кои првата компонента е број се пишуваат слеано, па оттука:

3. Тригодишен;

Сложените придавки во кои првиот дел е бројна придавка се пишуваат слеано, па оттука:

4. Третокласен;

Сложените придавки на кои првиот член им е скратена основа на половина, пол-, полу- се пишуваат слеано, па оттука:

5. Полуписмен;

Сложените именки со прва компонента пол-, исто така се пишуваат слеано, па оттука:

6. Полуфинале;

Еднопоимските сложени именки со прва компонента туѓојазична основа што атрибутски го дополнува значењето ан втората компонента се пишува слеано, па оттука:

7. Фотомонтажа;

8. Супермаркет;

9. Радиоемисија;

10. Психотест.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања за човечкото тело што мора да ги знаете (од општа култура) Знаете ли каде се формираат црвените крвни зрнца или преку кој орган се храни бе...
Литературен квиз: 10 прашања за страсни читатели Знаете ли во кој период е сместено дејството на „Македонска крвава свадба“? А, н...
Квиз: 10 научни прашања што секоја паметна личност треба да ги знае Знаете ли која е главната функција на црвените крвни клетки во организмот? Зн...
Квиз: 10 (потешки) медицински прашања за сезнајковци Знаете ли што се егзема и ешерихија коли? Знаете ли каде се наоѓа штитната жлезд...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Квиз: Ќе го погодите ли значењето на 8 стари македонски зборови? Знаете ли што значи зборот „аеронаут“ или зборот „џафте“? Колку архаични зборови...

Најчитани неделава