Квиз: Колку се сеќавате на животот и делото на Тоше Проески?
На колку години го загуби животот, кој спорт му беше омилен и го играше, по кое барање ќе биде запомнет од неговиот последен концерт... колку се сеќавате на моменти од животот на нашиот ангел Тоше Проески?

Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година и го остави целиот регион во неверување, тага и празнина која и ден-денес не се пополнува.
Она што ни остана е да се сеќаваме колку голем човек и хуманитарец беше тој, како и богатото музичко наследство кое го остави.
Сите ги пееме неговите песни, а само неговите вистински фанови се сеќаваат на сите моменти од неговиот живот, но и од неговото заминување.
Ајде да провериме дали и вие се сеќавате на некои позначајни моменти.
Колку се сеќавате на животот и делото на Тоше Проески?