Замисли си желба и одбери број

zamisli-si-zelba-i-odberi-broj-02.jpg

Број 1

Овој број е симбол на Сонцето и претставува светлост. Наскоро ќе добиете некој сигнал кој ќе ви даде насоки за исполнување на оваа желба. Желбата првенствено зависи од вас и ако не се потрудите, резултатот нема да се исполни. Морате да бидете иницијатор и водич. Поддршката од маж кој е на функција и има авторитет може многу да ви помогне.

Број 2

Овој број е симбол на Месечината и ги претставува емоциите. Очекувајте помош од некоја постара жена при исполнување на оваа желба или побарајте совет од жена. За исполнување ви треба поддршка затоа што често потпаѓате под негативно расположение кога ќе ви се причини дека исполнувањето е недостижно. Ќе ја исполните оваа желба само ако останете мирни и спокојни.

Број 3

Овој број е симбол на Јупитер и ги претставува среќните околности. Имате голема поддршка и среќата ќе ве послужи. Исполнувањето на желбата може да го олесни некое патување или личност од странство. Но, оваа желба и ви носи пари и патување. Не брзајте, само полека, затоа што може да се случи ненадејно, од невнимателност да ги изгубите шансите.

Број 4

Овој број е симбол на Сатурн и претставува можни отежнувања. За исполнување на оваа желба потребно ви е време и трпение. Не се откажувајте. Помошта може да ви биде упатена од повозрасен маж. Ако желбата е љубовна, ќе бидете внимателни и тактични. Ако се обидете на било кој начин да изиграте нефер, ништо од исполнувањето. Сепак, ова е нешто за кое вреди да се борите.

Број 5

Овој број е симбол на Меркур и претставува добра комуникација. За исполнување на желбата потребни ви се лист хартија и едно пенкало, па да ги запишете сите зацртани цели. Помладите личности ќе ви бидат од голема помош. Исполнувањето на желбата следи по добивањето на некое писмо или порака. Затоа, бидете иницијатор и борете се за неа со комуникација и постојано изразување. Оваа желба не вреди да остане тајна. Исполнувањето ќе ве направи навистина среќни.

Број 6

Овој број е симбол на Венера и ги претставува емоциите. Ако желбата е љубовна, бидете сигурни дека личноста која ве интересира има силни емоции кон вас. Исто така овој број ги претставува олеснувањата на работниот план. Можна е нова работна шанса на добра локација или место кое ви одговара.

Број 7

Овој број е симбол на Уран и претставува силна енергија. За исполнување на оваа желба ќе мора да се борите на повеќе полиња. И таман кога ќе мислите дека сте ја достигнале, некои непредвидени околности ќе ве попречат. Во секој случај оваа желба носи голема новост во вашиот живот, па дури и да не се исполни ќе имате ново искуство. Во љубовните односи замислениот број 7 носи страст и голема желба за поседување на партнерот.

Број 8

Овој број е симбол на Марс и ја претставува силата. Исполнувањето на оваа желба ќе ве исцрпи, но затоа што сте човек кој живее за акција, ќе вложите многу. Само не претерувајте и не преземајте драстични мерки. Во љубовните односи ќе ви донесе повеќе страст отколку емоции, додека за работата 8-та е добар број кој е можно да ве постави на позицијата на лидер. Ќе успеете во секој случај.

Број 9

Овој број е симбол на Нептун и претставува тајна. Нешто подлабоко се крие во вашата желба, нешто што и вие не го знаете до крај. Но, бројот ви открива дека треба да се опуштите и да чекате коцките сами да се поклопат. Исполнувањето на желбата ќе ви донесе нов почеток. Токму затоа и ја замисливте оваа желба - за да започнете нов циклус во животот кој ќе ви донесе само убави нешта.



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Дали ќе бидете добар брачен партнер? Дали му попуштате на партнерот, му удоволувате во секое време? Или вие сте си на...
Математички IQ тест за остроумни - Ќе го најдете ли решението за 10 секунди? Проверете ги своите логички и когнитивни способности и обидете се да го најдете ...
Кулинарски квиз: Дали имате основни познавања од готвење? Дали знаете како да подготвите најлесно јадење без да ги смешате состојките и да...
Квиз: Каде грешите во љубовните врски? Каков партнер сте кога сте во љубовна врска и каде грешите во односот со саканат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg