Решете го овој тест и дознајте кој е вашиот тип на маж!

Од 5 до 7 бодови имаат земјените знакови (Бик, Девица, Јарец)

За: Постојан и вистински страсен

Против: Пребирлив

Мажите кои спаѓаат во земјените знаци имаат мешавина од груб и софистициран вкус, но и сурова страственост со која ќе ве освојат. Овие фраери лесно градат кариера и сакаат удобен живот, но сепак со двете нозе стојат цврсто на земја. Често разговарате со нив и не дозволувате неговите потреби да ги засенат вашите. Тие се експерти за испробување различни сексуални пози, па затоа не се срамете во креветот.

resete-go-ovoj-test-i-doznajte-koje-vasiot-tip-na-maz-1.jpg


Од 8 до 11 бодови се водените знаци (Рак, Скорпија, Риби)

За: Заводлив и внимателен

Против: Тешко може да го прочитате, срамежлив е

Ако барате чувствителност и романтика, тоа ќе ви го дадат. Овие момци како да имаат шесто сетило и секогаш знаат што сакаат жените, па се трудат тоа да им го дадат. Секогаш сочувствуваат, но често не знаат да ги изразат своите вистински чувства, па ќе треба да им помогнете. Сакаат семејно опкружување и затоа планирајте излегувања во локалните кафулиња и пицерии или уживајте во домашна атмосфера.

resete-go-ovoj-test-i-doznajte-koje-vasiot-tip-na-maz-2.jpg


Од 12 до 15 бодови се воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија)

За: Духовити и мудри

Против: Збунет и темпераментен

Вие уживате во разговорите. Овие момци се фантастични во разговорите кои цела ноќ ќе ве држат будни. За среќа, одлични се и во валканите разговори во постелата. Уживаат во културните случувања, пијачки после работа и скара со пријателите со кои ќе разменуваат ставови и мислења. Посебно се слаби на жени кои ги поддржуваат. Нивниот главен адут е комуникацијата, затоа држете го мобилниот телефон во рака, бидејќи постојано ќе ви пристигнуваат пораки и меилови, иако штотуку сте се разделиле.

resete-go-ovoj-test-i-doznajte-koje-vasiot-tip-na-maz-3.jpg


Од 16 до 20 бодови се огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец)

За: Привлечен и забавен

Против: Непредвидлив и немирен

Ве возбудува неговиот магнетски темпераментен дух, но внимавајте овие момци сакаат да влетуваат во врски. Планирајте активни состаноци на кои тој ќе може да ја испразни својата вишок енергија. Совет: Овие момци ја сакаат возбудата на ловот, затоа не му се предавајте веднаш и дозволете му да ве освојува, тој ќе ужива.

resete-go-ovoj-test-i-doznajte-koje-vasiot-tip-na-maz-4.jpg



Би можело да ве интересира:

Квиз на личноста: Заради која добра особина луѓето ги занемаруваат вашите мани? На пријателите им пречи вашето грицкање нокти, зборувањето со полна уста или тоа...
Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...
Квиз: Дали вашите пријатели се токсични? Дали вашите пријатели сакаат да е секогаш сè по нивно? Ги чуваат ли тајните што ...
Психолошки квиз: Kоја боја е вашиот карактер и што открива тоа за вас? Дали сте смирена личност која не се плаши да се потчини, или вриете од нервоза а...
Квиз за фанови: Колку прашања за Евровизија ќе одговорите точно? Знаете ли кој има освоено најмногу 12-ки на Евровизија? А која песна ја пееше AB...
Квиз: Каква личност сте според теоријата на Фројд? Кој дел од личноста според Фројд е доминантен кај вас? Дали ве води „ид“, „его“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg