Одберете карта и дознајте ја својата идеална професија

Карта под број 1 – ЕНЕРГИЧЕН ДУХ И ЕНТУЗИЈАЗАМ

Вие сте голем авантурист. Понекогаш делувате без внимателна подготовка. Но дури и без подготовка може да се забавувате додека работите.

Клучот за вас е ентузијазмот и да бидете во центарот на случувањата.

Мора да најдете работа која нема да ве разочара.

Вие сте едноставно водени од енергиите кои ве одржуваат полетни.

Ви треба работа со многу активност.

Професии: спортист, организатор на настани.

Карта под број 2 – ЉУБОПИТНОСТ

Можете да се опишете себеси како многу љубопитна личност која сака да пешачи и експериментира.

Наградени сте со силни квалитети, но тие не се сложуваат добро со другите луѓе.

Сакате да пробувате нови работи, да грешите и да научите нешто ново. Затоа ви треба работа која ќе ви дозволи слободно да иновирате, експериментирате и зборувате.

Професии: научник, пронаоѓач, менаџер, маркетинг, истражувач.

Карта под број 3 – КРЕАТИВЕН УМ

Дали сакате сè што е ново? Вие сте многу креативна личност која сака да ги руши стереотипите и да создава нови работи.

Сакате да се изгубите во сопствените мисли, каде што нема граници и можете да креирате убави работи во целото ваше слободно време.

Многу е важно за вас целосно да ги изразите вашите мисли.

Професии: уметник, музичар, дизајнер или писател.

Карта под број 4 – ПОСТОЈАНА АКТИВНОСТ

Сакате да планирате сè и имате постојана потреба да ги координирате работите и луѓето околу вас.

Вие сте реалист којшто знае да менаџира.

Чувствувате дека сте успеале во нешто, тогаш кога планот е реализиран.

Повеќе сакате да работите на работни места со висок процент на влијание.

Сакате позиција од која ќе можете да организирате, подредувате и генерализирате.

Имате многу високо мислење за тимската работа.

Професии: државен службеник, професор, канцелариски работник.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз кој ќе го решат само оние со високо IQ – ќе успеете ли и вие? Со овој квиз ќе ја предизвикаме вашата логика, но и фокусот и концентрацијата, к...
Квиз: Колку работи што ја одбележаа 2025-та ќе погодите? На чиј концерт беа снимени (сега веќе) најпознатите светски прељубници? А кој фи...
Квиз: Довршете ги стиховите од песните на Владо Јаневски „Чаирска романтика“, „Црно тиквешко“, „Не зори зоро“, „Нусе нусе“... Секоја песн...
Квиз: Кој лик бевте во средно – популарниот, повлечениот или „нормалниот“? Дали бевте поканети на кул забавите или вие ги организиравте? Со кого ги поминув...
Квиз: Дали сте подготвени за есен или не можете да се помирите? Дали уште посакувате ладно фрапе или време е за топло кафе? Почнавте ли да вадит...
Квиз: 9 логички проблеми што лесно ќе ги решите ако имате високо IQ Ако сметате дека сте интелигентна личност која може да решава логички проблеми, ...

Најчитани неделава