Фото-тест: Изберете симбол којшто ќе ја прикаже вашата духовна порака

1.

Љубов: Јасно е дека сакате некого. Единствено што се прашувате е колку долго тоа ќе потрае. Ова прашање сега ви е непотребно и само беспотребно ве загрижува и ви ја нарушува хармонијата во која се наоѓате. На вас е да ја претворите темнината во светлина.

Работа: Многу важни работи ви се случуваат на работа и работата добива на тежина. Ова е нешто што го сакате и затоа треба да се предадете на работата безрезервно. Јасно е дека ќе има многу работа, но резултатите ќе следат.

Здравје и совет: Се гледа дека имате проблеми со воспаленија, болни состојби, зарази и проблеми со крвотокот. Посетете доктор за да ги решите овие тешкотии, така ќе имате добар сон.

2.

Љубов: Вие сте во период кога имате богат социјален живот, но новите пријателства ќе бидат главно површни. Сепак, ова не значи дека подоцна не може да се развијат во нешто подлабоко. Затоа, бидете отворени. Оние што се во врска ќе се оддалечат еден од друг.

Работа: Би било добро да покажете што знаете, но чувствувате како да немате време за тоа. Во право сте. Некои работи ќе бидат подобри ако почекате малку. Затоа, засега оставете ги скриени вашите таленти.

Здравје и совет: Очекувајте промена во состојбата на здравјето, осцилации и непогодни ситуации. Можни се проблеми со имунитетот и крвниот притисок. Консултирајте се со доктор и закажете редовен преглед.

3.

Љубов: Сè уште ја барате вашата сродна душа, па затоа внимавајте на луѓето во вашата околина. Некој можеби едвај чека да ве види. Доколку сте во врска, вашата врска ќе биде стабилна и двете страни ќе бидат задоволни.

Работа: Некои од вас ќе заземат борбена позиција, а други ќе сторат сè што можат за оние кои учат или започнуваат со работа. Третите пак, ќе бараат нова работа некаде далеку. Ќе ги има и оние кои ќе ја истражуваат својата душа.

Здравје и совет: Чувајте се од воспаленија на грлото, ангина и сите проблеми поврзани со стомакот. Вашите уста и непце се исто така чувствителни.

(О)Милена | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку е добра вашата меморија? Дали во друштво вие сте тој што памти сè или „извеаниот“ што заборава? Ајде да в...
Квиз: Дали сте во токсична врска (од која треба да бегате)? Не значи дека партнерот мора да ве удри или да биде насилен за врската да биде т...
Квиз: 9 логички проблеми што лесно ќе ги решите ако имате високо IQ Ако сметате дека сте интелигентна личност која може да решава логички проблеми, ...
Квиз: Колку работи што ја одбележаа 2025-та ќе погодите? На чиј концерт беа снимени (сега веќе) најпознатите светски прељубници? А кој фи...
Квиз: Дали ги препознавате расите на кучињата само по изглед? Мали и безопасни што само лаат, но и големи од кои сите се плашат иако понекогаш...
Квиз: 7 прашања поврзани со август што мора да ги одговорите без грешка Под кое име е познат метеорскиот дожд кој се случува во средината на август секо...

Најчитани неделава