Тест на личноста кој се решава за 90 секунди, а ќе ви покаже во што потсвесно верувате

Тестот на личноста познат како „Коцка“ е создаден во 1920-тите години. Се решава за 90 секунди, а вие треба да дадете брзи одговори на 7 прашања поврзани со 7 предмети и прашања за нив. Врз основа на овој тест можете да дознаете во што потсвесно верувате за себе, односно како се гледате себеси.

test-na-lichnosta-koj-se-reshava-za-90-sekundi-a-kje-vi-pokazhe-vo-shto-potsvesno-veruvate-01.jpg

Тестовите на личноста се користат за процена на личноста на луѓето, нивните емоции, способности, квалификации… Се користат во војската, психологијата, на интервјуата за работа.

Но, има и тестови кои можат да им помогнат на луѓето да научат нешто повеќе за себе или за другите.

Тестот на личноста познат како „Коцка“ е создаден во 1920-тите години. Се решава за 90 секунди, а вие треба да дадете брзи одговори на 7 прашања поврзани со 7 предмети. 

Врз основа на овој тест можете да дознаете во што потсвесно верувате за себе, односно како се гледате себеси.

Тестот е лесен, a се состои од следните сценарија и прашања - толкувањата на крај ќе ги пронајдете на следната страница: 

Замислете дека сте на отворено поле. Колку е големо полето, што има на теренот (трева, цвеќиња) и како изгледа областа околу теренот?

Бидете што е можно поконкретни во сликата што ја имате на ум.

Сега замислете коцка. Колку е голема коцката? Од каков материјал е направена? Како изгледа нејзината површина? Која боја е?

Дали е на средина, на страна или пред полето? Дали е на земја или лебди во воздухот? Можете ли да видите внатре во коцката? Ако можете, што има внатре?

Следно – замислете скала. Колку е долга оваа скала и каде се наоѓа во полето? Колкаво е растојанието помеѓу скалата и коцката?

Се појавува коњ. Која боја е коњот? Што прави коњот? Колкаво е растојанието помеѓу коцката и коњот?

Замислете цвеќиња. Дали има многу или само неколку? 

Какво е времето? Дали врне или небото е облачно? Можеби е сончево? Дали има магла?

Се подготвува бура. Колкаво е растојанието помеѓу бурата и коцката? Дали е голема бура? Дали е тоа мал дожд што наскоро ќе помине?

Сега, кога веќе ја имате целата слика во главата, можете да ги прочитате толкувањата на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест на личноста: Како ѝ пристапувате на љубовта? Дали сонувате големи љубовни соништа, се надевате на длабока емоционална врска и...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“ Себичноста е една од особините на нарцисите, а овој тест ќе ви помогне да открие...

Најчитани неделава