Тест на потсвеста: Изберете едно дрво и дознајте на кое поле ве чека среќа оваа есен

test-na-potsvesta-izberete-edno-drvo-i-doznajte-na-koe-pole-ve-cheka-srekja-ovaa-esen-021_copy.jpg

Дрво 1

Доколку го избравте првото дрво, оваа есен ќе имате среќа во љубовта.

Ако сте во врска од која не сте задоволни, сега е вистинско време да се обидете да ја подобрите ситуацијата или, доколку не успеете, да го промените вашиот емотивен статус и повторно да станете слободни.

Доколку, пак, сте слободни и заинтересирани за некоја личност, обидете се да бидете подиректни и да им ги откриете своите чувства.

Емоциите најверојатно ќе ви бидат возвратени.

Оние кои уживаат во среќна љубов можат да размислуваат како да ја одведат врската на следното ниво.

Дрво 2

Доколку ваш избор е второто дрво, ве очекува среќа на деловен план.

Можеби не размислувате за промена на работното место, но оваа есен има големи шанси да напредувате на деловен план, особено ако се вработите во друга компанија.

За некои, пак, унапредувањето во компанијата во која што работат во моментов ќе дојде ненадејно. А некои од вас ги чека нова деловна понуда.

Иако на почетокот не сакате да излезете од вашата деловна рутина, не одбивајте покана за интервју.

Можеби не ви изгледа примамливо на прв поглед, но ако ја разгледате понудата и слушнете што ќе ви кажат, ќе сфатите дека најверојатно ви се нуди работно место по кое копнеете цел живот.

Дрво 3

Ако го избравте третото дрво – вие ќе имате среќа на финансиски план.

Конечно ќе успеете да наплатите за вашата работа, знаење и вештини.

Ако во последно време се чувствувате маргинализирано, и покрај постигнатите резултати, сега е вистинското време отворено да им кажете на претпоставените и да побарате покачување на платата.

Покажете им колку сте постигнале во претходниот период и свртете го разговорот кон тоа дека очекувате награда за вашиот труд и посветеност.

Ако имате аргументи, големи се шансите да го добиете тоа што го барате, да го подобрите буџетот и по подолго време да бидете задоволни со стандардот.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Тест на личноста: Изберете една палма и дознајте што ве очекува летово Секоја палма на фотографијата пред вас има различно значење. Одберете ја палмата...
Оптичка илузија што ќе ви ја открие најголемата амбиција – Што видовте прво на илустрацијата? Која е вашата најголема амбиција? Ако не сте сигурни, можеби оваа оптичка илузиј...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...
Тест на потсвеста: Што прво гледате на илустрацијата - открива како ве гледаат другите, а какви сте ... Овој тест на потсвеста ќе ви открие какви сте навистина, а како, всушност, ве гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg