Тест на личноста: Дали препознавате кој ве лаже или лесно манипулираат со вас?

test-na-lichnosta-dali-prepoznavate-koj-ve-lazhe-ili-lesno-manipuliraat-so-vas-02.jpg

Жена 1

Ако ја избравте жената која отворено ги покажува рацете, тогаш не сте во право - отворените дланки укажуваат на отворена личност.

Иако многу луѓе ги користат рацете за да гестикулираат кога зборуваат, повеќето го прават тоа несвесно.

Нејзините отворени дланки укажуваат на тоа дека таа е многу отворена личност и не сака лаги.

Некои луѓе не им веруваат на луѓето кои многу гестикулираат за време на разговорот, но тоа најчесто се случува несвесно и не значи ништо посебно.

Жена 2

Однесувањето на личноста која го допира увото изгледа многу сомнително.

Ставот на нејзиното тело покажува дека е многу претпазлива, а нервозното допирање на увото може да укаже дека таа сака да излаже или барем да не ви ја каже целата вистина.

Ова е гест на возбуда и нервоза, кој укажува дека таа е подготвена да скрие нешто од вас.

Кога луѓето ги допираат ушите, носот или косата додека разговараат, голема е веројатноста дека се нервозни или лажат, па бидете внимателни.

Жена 3

Ако некој ја допира брадата со рака додека разговара со вас, тоа покажува дека сака да комуницира со вас.

Оваа жена ја интересира што имате да кажете и многу внимателно слуша. Таа е фокусирана во комуникацијата и не сака да пропушти ниту еден детаљ од она што ќе ѝ кажете.

Сето ова укажува дека третата жената на илустрацијата е одличен соговорник.

Таа трпеливо го слуша и го анализира секој ваш збор, и тоа не од почит, туку затоа што е искрено заинтересирана - значи, таа не ве лаже.

Жена 4

Ако ја избравте жената која ја покрива устата, тогаш сте во право - ова е жената која лаже.

Гестот кога некој ја покрива устата со рака може да биде знак за тоа дека личноста не ја кажува вистината, или не ја кажува целата вистина - покривањето на устата е првиот знак на измама.

Постои голема листа на невербални сигнали кои укажуваат на лага и измама при комуникацијата - триење на носот, покривање на устата, држење на вратот, зборување низ забите, допирање на вилицата или кога некој ги става рацете зад грб или во џеб.

Затоа, бидете фокусирани на знаците за време на разговорот, особено кога некој разговор ви е важен и сакате да дознаете дали соговорникот е искрен или не.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест: Колкава е вашата ментална возраст, според тоа колку кучиња гледате на сликата? Овде нема точен одговор, бројот на кучиња кој го гледате толкува колку сте мента...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“ Себичноста е една од особините на нарцисите, а овој тест ќе ви помогне да открие...

Најчитани неделава