Тест кој открива каква личност сте и што ве прави анксиозни во врската: Што видовте прво?

Ако прво видовте силуета од лик...

Вие важите за самосвесна личност и секогаш се трудите да оставите колку што е можно најдобра слика за себе пред светот.

Верувате во прв впечаток и секогаш сакате тој да биде добар кога станува збор за вас.

Но, освен пред светот, често оваа маска ја имате и пред најблиските, а ако не почнете да споделувате маки и грижи пред партнерот, може да ризикувате да го изгубите.

Нема ништо страшно да ги споделите вашите стравови со партнерот и да покажете дека не секогаш ги имате под контрола работите, иако се трудите да ги држите сите конци во раце.

Ослободете се од анксиозноста дека мора да бидете совршени.  

test-koj-otkriva-kakva-lichnost-ste-i-shto-ve-pravi-anksiozni-vo-vrskata-shto-vidovte-prvo-03.jpg

Ако прво го видовте дрвото...

Вие сте интелектуална личност која размислува разумно и аналитички, решавач сте на проблеми и луѓето често ви доаѓаат на вас за совет.

Иако сте добро информирани за многу нешта, секогаш сакате да учите нови работи и со задоволство си ги проширувате хоризонтите.

Но, токму затоа што сте научени луѓето да доаѓаат кај вас, во врските сте љубоморни кога партнерот е близок со друга личност или се доверува некому, и во тие моменти ве надвладува анксиозноста дека ќе го загубите.

test-koj-otkriva-kakva-lichnost-ste-i-shto-ve-pravi-anksiozni-vo-vrskata-shto-vidovte-prvo-04.jpg

Ако видовте птица...

Вие сте личност која се држи настрана од многу емоции, не сакате многу да сте обврзани и зависни од другите и си ја сакате својата слобода, исто како птиците.

Не сакате гужви, сакате време само за себе, уживате во самотијата, но не сте асоцијални, едноставно, немате потреба постојано од некого.

Сакате мали групи на пријатели, а во љубовта, истото сакате да му го понудите и на партнерот како што вие посакувате тој да ви го овозможи.

Токму затоа, не сте анксиозни и ретко стравувате од некои нереалистични грижи.

Кога ќе помине почетната фаза на пеперутки во стомакот, се стабилизирате и сте сосема опуштени.

Сепак, семајте ги предвид емоциите на партнерот, бидејќи ако вие немате стравови, не значи дека и од другата страна е исто. 

test-koj-otkriva-kakva-lichnost-ste-i-shto-ve-pravi-anksiozni-vo-vrskata-shto-vidovte-prvo-05.jpg

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружи... Овој визуелен тест со четири петли, колку и да ви изгледа смешно, сепак ќе ви по...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...

Најчитани неделава