Оптичка илузија: Бојата што ќе ја видите во кругот открива дали имате генијален ум

Толкување на тестот:

Црвена боја

Кај луѓето кои гледаат црвена боја, фреквенцијата на мозочните бранови е помеѓу 150Hz и 180Hz.

Ова има спектакуларен ефект врз вашиот коефициент на интелигенција - вашата интелигенција е над светскиот просек.

Вие можете многу лесно да надминете некои проблеми, да ги решите само со два збора... Вие сте гениј кој се води од логиката.

Честопати кога имате тешка ситуација пред себе, на ум ви паѓаат сите алтернативи што можете да ги изберете.

Имате скоро непогрешлива интуиција, но сепак не секогаш треба да верувате во она што ви го кажува, бидејќи може да ве однесе во погрешна насока.

За вас, решавањето проблеми е песна. Сите бараат помош од вас, бидејќи вашата способност да излезете како победник од која било ситуација е најдобра.

Покрај тоа, имате и лидерски квалитети - луѓето ве следат зашто ви веруваат, а вие имате големо влијание врз нив.

optichka-iluzija-bojata-shto-kje-ja-vidite-vo-krugot-otkriva-dali-imate-genijalen-um-03.jpg

Жолта боја

Се верува дека од четирите бои, жолтата ја гледаат најмал број на генијалци, а вашите мозочни бранови „работат“ на фреквенцијата помеѓу 120Hz и 150Hz.

Ова ве дефинира како феноменална личност. Вие можете да бидете шаховски велемајстор, а и самите знаете дека оваа игра бара силна логика и да се разбере умот на противникот.

Еден од најпозитивните квалитети што ги имате е вашата способност да ги цените малите детали што ве опкружуваат.

Кога ќе влезете во некоја просторија или ќе посетите непознато место, веднаш почнувате да испитувате сè детално.

Вашиот ум е навистина креативен, па затоа сте личност која сака уметност (во сите форми).

Од друга страна, новите искуства му даваат смисла на вашиот живот, па затоа прифаќате секаков предизвик без да размислувате за последиците. Вие сте навистина храбри.

optichka-iluzija-bojata-shto-kje-ja-vidite-vo-krugot-otkriva-dali-imate-genijalen-um-06.jpg

Сина боја

Ако сте еден од оние што видоа сина боја во центарот на кругот, вашата мозочна фреквенција се движи помеѓу 100Hz и 120Hz, а тоа ве прави гениј на перцепцијата.

Јасни ви се сите концепти на животот, па затоа донесувањето комплицирани одлуки не ви претставува никаков проблем.

Вашиот огромен интелект го надминува интелектот на остатокот од популацијата.

Кога станува збор за односите со другите луѓе, претпочитате да бидете искрени и да не лажете, па тоа понекогаш знае да ве доведе во непријатна ситуација.

Но, поради ова вашите најблиски соработници секогаш ве прашуваат за мислење за секој проблем, особено станува збор за нешто тешко или комплицирано.

Трпението и знаењето како бидете во чекор со сè, се вашите две главни особини. Но, вие сте и ефикасен работник кој сака да работи во тим.

Луѓето ви веруваат, се чувствуваат сигурни покрај вас и затоа сте секогаш опкружени со луѓе кои ве ценат многу.

optichka-iluzija-bojata-shto-kje-ja-vidite-vo-krugot-otkriva-dali-imate-genijalen-um-04.jpg

Зелена боја

Откако неколку секунди ја набљудувавте оптичката илузија, дали забележавте дека зелената боја е доминантна?

Зборот што целосно ве дефинира вас е - талентиран/а. Уште кога сте биле мали нозе, другите гледале како се истакнувате во секоја дисциплина, па се прашувале дали сте гениј или имате вроден талент за сè?

Фреквенцијата на вашиот мозок е помеѓу 0Hz и 10Hz. Вие сте отворени, ништо не ве изненадува, освен фактот дека вашата љубопитност е огромна.

Вас многу ве интересира излегувањето и разгледувањето на светот: патување со пријатели на егзотични местоа како и желбата да искусите работи кои не сте имале можност претходно да ги доживеете, но не би ви пречело да го направите тоа веднаш.

А бидејќи (најверојатно) имате искусено многу работи во вашиот живот, вие сте таа/тој што ги советува најблиските пријатели за одредени аспекти од животот. Вистинско уживање е кога ве слушаат како раскажувате.

optichka-iluzija-bojata-shto-kje-ja-vidite-vo-krugot-otkriva-dali-imate-genijalen-um-05.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружи... Овој визуелен тест со четири петли, колку и да ви изгледа смешно, сепак ќе ви по...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...

Најчитани неделава