Дрво на желбите - Одберете едно јаболко и дознајте дали желбата ќе ви се исполни

drvo-na-zhelbite-odberete-edno-jabolko-i-doznajte-dali-zhelbata-kje-vi-se-ispolni-02.jpg

1. Желбата наскоро ќе ви се оствари. За ништо да не ве спречи да го постигнете она што сте го планирале, важно е да ги чувате вашите мисли во тајност. Завидливите луѓе можат да им наштетат на оние кои се навикнати да се фалат со своите достигнувања.

2. Желбата ќе ви се оствари во рок од неколку месеци. Оние кои сакаат да го забрзаат процесот треба да го користат методот на визуелизација и да веруваат дека сè ќе заврши добро.

3. Вашата желба нема да се оствари ако се препуштите на негативните мисли и само седите и чекате. Активните, фокусирани луѓе со јасна цел треба да следат едноставно правило - одете кон посакуваното и не се плашете од повремени тешкотии.

4. Замисленото нема да ви се оствари поради ненадејни животни промени. За да избегнете проблеми, важно е да ги следите знаците на судбината и да не ги игнорирате предупредувањата. Ова ќе ви помогне да избегнете големи проблеми и неуспеси.

5. Вашата желба ќе се исполни во рок од една година. Оние кои не се сигурни дека нивните соништа ќе се остварат, но тајно се надеваат на поволен исход, треба да бидат фокусирани на сè што им се случува во животот и да го слушаат својот внатрешен глас.

6. Желбата нема да се оствари ако е поврзана со некои себични мисли. Оние кои искрено сакаат исполнување на своите најдлабоки соништа треба повторно да ја преиспитаат својата желба и да си постават граници за да не ги повредат ненамерно познаниците или најблиските.

7. Желбата ќе се оствари, но не наскоро. Ако е поврзана со љубов, важно е да не ви „побегнат“ сигналите кои ќе навестат љубов. А ако е поврзана со финансиски просперитет, нема да ви биде на одмет амајлија која привлекува парична среќа во животот.

8. Вашата желба наскоро ќе се оствари ако покажете дарежливост и несебично им помагате на оние на кои им е потребна помош. Добрите дела ќе бидат наградени од Универзумот.

9. Желбата ќе ви се оствари само ако е реална. Оние кои градат замоци во песок и се навикнати на мечтаење, треба да ги формулираат своите барања појасно и да не се обидуваат да ги добијат сите придобивки одеднаш.

 А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Изберете едно огледало и дознајте колку добро ги читате луѓето Некои луѓе ни изгледаат доверливи, некои резервирани, некои пресамоуверени. А мо...
Изберете една вазна и откријте што ве прави посебни како личност Која вазна ве привлекува најмногу, онаа со риги, со точки или со цветови? Дознај...
Изберете една шаховска фигура и откријте дали добро ги читате луѓето Дали забележувате каде луѓето се смеат на несоодветно место, каде премногу брзо ...
Тест на потсвеста - Столчето на кое би седнале открива во која фаза од животот се наоѓате во моменто... Дали сте во фаза на личен раст, во период кога имате голема надеж за промени, во...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...

Најчитани неделава