Тест на личноста: Паричникот што ќе го одберете – открива дали сте расипници или ќе се збогатите

Паричник број 1
Без навреда, но голема е веројатноста да сте „расипник“ кој не може да си го контролира трошењето.
Многу сте импулсивни при купување и уживате во трошење пари на задоволства.
Кога некој ќе ве викне некаде или нешто ви се допаѓа, прво прифаќате и вадите пари, па потоа размислувате.
Иако е добро да уживате во животот, сепак може да не е толку добро за финансиската иднина.
Со овој пристап тешко ќе станете милионер, освен ако веќе не сте...
Паричник број 2
Ако го избравте синиот паричник, тоа значи дека веројатно сте некој што внимателно ги планира трошоците.
Меѓутоа, понекогаш може и да сте скржави и неспособни да одлучите кога треба да дадете и инвестирате пари.
Повеќе сакате да си ја држите заштедената сума настрана, иако губи вредност.
Можеби нема да се обогатите, но барем ништо нема да ви недостасува и стабилни сте.
Паричник број 3
Ако го избравте кожениот паричник, значи дека имате дар за бизнис и претприемништво. Можете да ги воочите приликите и да ги користите.
Свесно заработувате за живот и се трудите паметно да ги инвестирате парите. Знаете кога треба да се откажете од некоја идеја, па малку е веројатно дека ќе банкротирате.
Имате потенцијал да станете богати, но за тоа ве чека многу работа.
Паричник број 4
Ако го одбравте розовиот паричник, значи дека имате многу голема среќа и парите секогаш ви се враќаат.
Често носите мудри одлуки за работи за кои немате многу познавања. Родени сте под среќна ѕвезда и парите како сами да ви доаѓаат.
Можеби нема да станете милионер, но дефинитивно ќе успеете во животот, како што посакувате.
Сепак пробајте подобро да ги менаџирате финансиите и да направите заштеда.
М. М. | Црнобело