Тест: Колкава е вашата ментална возраст, според тоа колку кучиња гледате на сликата?

Од 1 до 4 кучиња: Вашата ментална возраст е 18-23 години
Вие сте во процес на учење за животот. Не се оптоварувате со тешки расудувања. Не сте навикнати да бидете одговорни за себе, а уште помалку за другите. Сакате безгрижен начин на живот, независно дали веќе е време за спротивното. Ако мислите дека некој може да се носи со задачата подобро од вас, со задоволство ја препуштате.
5 кучиња: Вашата ментална возраст е од 25-30 години
Вие сте љубопитна, но истовремено внимателна личност. Опкружени сте со мал број на истомисленици со кои ви е најпријатно. Не сакате да бидете одговорни за другите, потсвесно се трудите да го избегнете тоа по секоја цена. Сепак, важна ви е иднината, но не доволно за да почнете со сета сила да се борите за своето место, среќа и за радикално да го промените животот, иако поставувате темели.
6 кучиња: Вашата ментална старост е 31-40+ години
Вие сте зрела и мудра личност. Уште во детството луѓето ви се воодушевувале на вашата амбиција. Некои можеби и ви предвидувале блескава иднина. Имате високи стандарди, критични сте кон луѓето, но и кон себе. Стабилни сте и доверливи. Имате инстинктивен и бистар ум, па лесно може да менувате теми на разговор, аналитични сте и правите стратегии.
7 кучиња: Вашата ментална возраст е од 10-18 години
Вие сте наивна личност која го набљудува светот низ розови очила. Во животот тежите кон леснотија, едноставност и имате развиено емпатија за другите. Сакате да ги разубавувате настаните и оптимистични сте. Секогаш го гледате најдоброто сценарио и имате тенденција да идеализирате луѓе, ситуации и да мечтаете. Сакате долга комуникација, имате многу пријатели со кои ви е пријатно и вашата душа е чиста.
М. М. | Црнобело