Тест на личноста создаден од британски психолог - Изберете една фигура и дознајте што кажува тоа за вас
Толкување на фигурите:

Ако избреавте фигура со бројот 1, 3, 6 или 7, вие сте решителна личност која не се плаши од пречки. Подготвени сте да се соочите со предизвиците и сакате да имате контрола врз ситуацијата.
Ако најмногу ви се допадна една од фигурите 2, 11, 12, 18 или 19, тоа укажува дека сте исклучително љубезни и емпатични. Секогаш сте тука за вашите пријатели и се обидувате да им бидете поддршка на другите кога им е потребно.
Бројот 4 ве опишува како личност која е решена да постигне успех, но претпочита да го постигне без непотребни компликации и драма. Не сакате да губите време на пречки што ги сметате за непотребни.
Ако го избравте бројот 5, тоа може да значи дека често се чувствувате уморно или исцрпено. Можеби ви недостасува енергија или мотивација во моментов и ви треба пауза од секојдневното темпо.
Бројот 9 обично го избираат луѓе кои се природно весели, оптимистични и дружељубиви. Сакате забава, смеа и споделување позитивна енергија со другите.
Изборот на броевите 13 или 21 укажува на тоа дека имате тенденција да останете настрана во конфликтни или тешки ситуации. Понекогаш се борите со анксиозност, а во одредени ситуации претпочитате да избегнувате поголемо друштво и да се повлечете во сопствениот мир.
Фигурата 8 вели дека сте сонувач. Го сакате вашиот внатрешен свет, идеи и имагинација кои често ве водат на некои поубави или помирни места.
Ако се пронајдовте во бројките 10 или 15, тоа значи дека сте стабилна личност. Генерално сте задоволни од вашиот живот и имате здрав став кон предизвиците.
Бројот 14 укажува на емоционална исцрпеност. Можно е да поминувате низ внатрешна борба или емоционална криза, дури и ако не го покажувате тоа на луѓето околу вас.
Фигурата со број 20 опишува луѓе кои имаат силно чувство за самопочит и природни лидерски способности. Уживате кога другите ве слушаат и често ја преземате улогата на лидер.
Ако го избравте бројот 16, веројатно сте уморни од постојаното давање поддршка на другите.
Од друга страна, ако ја избравте фигурата со број 17, можеби се гледате себеси како некој на кого му е потребна поддршка - дури и ако не го покажувате тоа отворено.
А. Ј. | Црнобело