Тест на личноста создаден од британски психолог - Изберете една фигура и дознајте што кажува тоа за вас
Изборот на броевите 13 или 21 укажува на тоа дека имате тенденција да останете настрана во конфликтни или тешки ситуации. Што означуваат другите бројки на фигурите?

Овој интересен тест на личноста го создал Пип Вилсон, познат британски психолог.
Тој бил првично создаден за деца од основно училиште за да се види колку добро се снаоѓаат во првите три години од училиштето.
Но, со текот на времето, тестот покажа дека е подеднакво корисен и за возрасните бидејќи помага подобро да се разбере сопствената емоционална состојба и начинот на кој се доживува секојдневниот живот.
Секоја фигура на сликата има своја положба, држење на телото и расположение.

Вашата задача е да ја пронајдете онаа што најмногу ви се допаѓа или онаа во која најлесно се препознавате.
Потоа, приочитајте што открива вашиот избор за вас.
Повеќето одговори се групирани, па неколку различни фигури имаат исто толкување.