Што открива за вас куферот во кој се пакувате - дали сте турист или авантурист?
Дали сте импровизатор или сакате естетика дури и кога патувате? Решете го овој забавен тест на личноста и забавувајте се, а притоа е можно и да дознаете нешто ново за себе.

Дали сте внимателни кога се пакувате и сè ви е подредено по боја и големина или најчесто само ги фрлате работите во торбата без некаков ред (ама со надеж дека ќе ви собере сè што планирате да носите?
И уште поважно - со каква торба тргате на пат? Дали е тоа класичен куфер, ранец, модерна торба или ретро куфер што го носеле и вашите родители во минатото, но вие го обожавате?
Изберете го куферот што го носите на патување и дознајте дали сте турист или авантурист?

И запомнете, овој психолошки тест треба да ви открие нешто за вас, но и да ве забавува.
Кој куфер најмногу потсетува на вашиот?