Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружите

Ако го избравте петелот со број 1
Луѓето ве перцепираат како храбра и принципиелна личност и знаат често да ви побараат совет.
Според нив, вие не се плашите од тешкотии и подготвени сте да се соочите со секакви предизвици, но внимавате и на последиците од вашите постапки.
Луѓето ве гледаат и како искрена личност која ја зборува вистината без оглед на ситуацијата, па затоа сакаат да се дружат со вас.
Ако го избравте петелот со број 2
Околината ве перцепира како некој што ги избегнува предизвиците, личност која се задоволува со просечни работи и која сака работите да се едноставни и мирни.
Луѓето веруваат дека претпочитате да се повлечете кога работите стануваат напнати, тешки и дека не можат да се потпрат на вас, па затоа често и ве избегнуваат, верувајќи дека нема да им помогнете или да влезете во оган за нив.
Особено блиските луѓе сметаат дека пропуштате важни можности, па дури и луѓе во вашиот живот затоа што не сакате да ја напуштите вашата зона на удобност.
Ако го избравте петелот со број 3
Луѓето ве гледаат како некој што расте од ден на ден и кој работи на себе.
Според нив, дури и кога велите дека се чувствувате изгубено во одредени тешки ситуации, вие сте личност што не се предава и секогаш се трудите да направите промена или да ја подобрите положбата во која се наоѓате.
Околината ги забележува вашите напори и ве поддржуваа, дури и кога промената бара време, па под нивно влијание имате силен ветер во грб.
Ако го избравте петелот со број 4
Однадвор изгледате силни и искрени, но луѓето сепак ве гледаат како личност која има бројни стравови.
Ова не ви го земаат за зло, напротив, прави во очите на другите да сте ранливи, приземни и лесни за пристап и комуникација.
Тие сметаат дека и во тешките моменти умеете да се „соберете“ и да ги покажете вашите најдобри квалитети, да се грижите за вашите најблиски, да им помогнете и поради тоа сакаат да се во ваше друштво.
А. Ј. | Црнобело