Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“
Дрво број 1
Вие сте себични, но се грижите за себе на здрав начин и сакате подобра иднина.
Се стремите да ги заштитите вашите интереси без да ги загрозите интересите на другите.
Во исто време сте самокритични, ги препознавате сопствените недостатоци и работите на нивно коригирање.
Дрво број 2
Вие сте резервирана и интровертна личност.
Поради ова, најблиските може да ве перцепираат како себични, бидејќи едноставно не знаат што се случува во вашиот ум.
Всушност, вие сте способни несебично да се грижите за вашите најблиски, но само ако чувствувате дека ви е возвратено во иста мера.
Дрво број 3
Овој избор укажува на трпение и одговорност.
Пристапувате кон важните одлуки многу внимателно, земајќи ги предвид интересите на вашето семејство.
Не сте себични, но не секогаш ги слушате мислењата на другите луѓе поради тоа што генерално имате недоверба кон другите.
Дрво број 4
Овој избор укажува на љубезна и грижлива личност, подготвена да даде сè што има на оние што ги сака.
Дури ви недостасува и малку здрава себичност.
Но, имате добро развиена емоционална интелигенција, а поседувате и животна мудрост, благодарение на која им нудите мудри совети на најблиските.
Дрво број 5
Лесно би можеле да го положите тестот на егоизам, бидејќи имате склоност кон нарцисоидност.
Ова може да се манифестира со неможност да ги признаете сопствените грешки и тоа што имате постојана потреба за восхит.
Но, со самоподобрување, можете да ги надминете овие недостатоци, особено ако најдете некој за кого се грижите.
А. Ј. | Црнобело