Тест на личноста: Која фризура ве привлекува од прва - открива каква промена ви е потребна

Фризура 3
Постои силна желба да направите поголем чекор од вообичаено. Не само да освежите изглед или навика, туку конечно да тргнете напред во нешто што одамна стои во место.
Можеби има разговор што го одложувате, одлука што чека „вистински момент“, или идеја што сте ја отфрлиле.
Не мора да правите драма. Но, мора да престанете да чекате совршен ден.
Јасноста најчесто доаѓа по првиот чекор. Оваа промена е храброст да бидете повидливи и поискрени кон себе.
Фризура 4
Вашиот избор многу кажува за луѓето околу вас и колку енергија вложувате за сите да бидат задоволни.
Знаете да поддржите и да слушате, но тоа не смее да стане обврска секогаш да сте достапни.
Сега е време да ги преиспитате границите.
Каде помагате од срце, а каде од страв да не бидете „лош човек“? Промената почнува со мирно „не“.
Фризура 5
Чудно, но можеби токму воздух ви недостасува.
Однадвор сè изгледа нормално, но внатре постои замор од истата верзија на себе.
Потребен ви е личен простор и свој ритам. Не мора да правите големи промени.
Понекогаш почетокот е мал: нова рута, нова навика, нова инспирација.
Вашата промена не е бегство, туку враќање кон себе.
С. С. | Црнобело