Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа
Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но не знаете што е тригерот? Овој тест ќе ви помогне да сфатите - дали е монотонија, недостиг на фидбек, трка со време или насобран стрес...

Дали се чувствувате како да сте истоштени, како секој ден да се повторува и не правите ништо значајно?
Дома-работа-дома и пак одново? Можеби веќе сте прегорени, но од што поточно потекнува тоа?
Кое чувство најмногу ве мачи? Потсвеста некогаш може да даде одговор на тоа.
Секако, не го земајте овој тест здраво за готово, но можеби ќе ве однесе во вистинска насока на размислување и промени.
Само одберете една шолја и откријте што ве исцрпува.