Тест на личноста: Изберете симбол што ве потсетува на детството и откријте какви ограничувања си ставате денес
Од петте симболи изберете еден што ви е најголема асоцијација на лето и детство, па дознајте од што се откажавте прерано и какви ограничувања си ставате во животот...

Летата порано значеа трчање по улица, играње со топка, летање змејови... Но, од (некои од) овие работи се откажавте уште одамна и денес живеете поинаков живот, исполнет со правилата на возрасните, кои мора да ги следите, нели?
Дали жалите за нешто од што се откажавте во минатото? И дали се ограничувате самите себеси, па ни денес, макар еднаш годишно, не им се навраќате на работите што ве исполнуваа и правеа среќни?
Запомнете дека опуштањето не е срамно, играњето не е лекомислено, мечтаењето не е наивно, барањето помош не е срамно, а дејствувањето без гаранции не е премногу ризично.
Тие правила можеби некогаш биле корисни - ви помогнале да пораснете, да се справите со предизвиците и да ги исполните очекувањата на другите. Но, некои од нив со текот на времето станаа ограничувања.
Решете го овој тест на личноста - изберете еден летен симбол и дознајте од што сте се откажале многу рано во животот, па можеби поттикнати од тоа, ќе решите да си дадете малку повеќе слобода на себеси и да престанете да се ограничувате.
Кој е симболот што го избравте? И што сака да „ви каже“?