Изберете трон на кој би седнале и дознајте во која област сте крал(ица)

Син престол - крал(ица) на комуникацијата
Ако го избравте синиот престол, вашата најголема сила е комуникацијата.
Лесно наоѓате заеднички јазик со луѓето, уживате во разговорот и знаете како да привлечете внимание со вашите зборови.
Вашиот глас, начинот на изразување и способноста да ги слушате другите ве прават личност што луѓето сакаат да ја имаат во свое друштво.
Кога зборувате, другите слушаат затоа што имате природен дар за комуницирање.
Црвен трон - крал(ица) кој/а освојува со емоциите
Изборот на црвен престол открива дека вие имате силна емоционална страна на вашата личност.
Не го криете она што го чувствувате и не се плашите да ги покажете вашите емоции.
Вашата искреност, експресивната комуникација и спонтаноста ги привлекуваат луѓето околу вас.
Можеби не секогаш размислувате за впечатокот што го оставате, но токму затоа многумина ве перцепираат како автентична и искрена личност.
Сив трон - крал(ица) на смиреност и дисциплината
Ако го избравте сивиот трон, вашиот најголем адут е самоконтролата.
Во стресни ситуации, останувате смирени и способни сте да останете мирни дури и кога другите паничат.
Ве водат вашите принципи и важно ви е да го направите она што е исправно.
Луѓето често ве гледаат како сериозна, сигурна и разумна личност која зрачи со стабилност.
Зелен трон - крал(ица) кој/а е перфекционист што сè држи под контрола
Ако го избравте зелениот престол ваша најголема сила е тоа што внимавате на деталите.
Секогаш се обидувате она што го правите да биде најдобро и тешко ви е да прифатите површност.
Вашиот перфекционизам понекогаш може да ве однесе предалеку, но благодарение на него постигнувате резултати на кои другите им завидуваат.
Не се плашите од грешките, ги гледате како лекции што ви помагаат да бидете уште подобри следниот пат.
А. Ј. | Црнобело