Омиленото чоколадо ве открива: Дали сте плачковци, љубопитни или префинети?

1. Млечно чоколадо – омилено на повеќето

Сакате фудбал, поп музика и комедии. На сите им се допаѓате, ве обожаваат во друштвото и секогаш го забележуваат вашето присуство.

2. Чоколаден локум – омилен на љубопитните

Вистински авантуристи сте, сакате патувања, странска музика и научна фантастика. Преферирате егзотични места и по природа сте многу љубопитна личност. Вие сте од оние кои би сакале да го направат баш она што им е забрането.

3. Чоколадо со лешник – префинети личности

Вие сакате луксуз, класична музика и романтични филмови. Порцеланот, сјаен автомобил и виолина се работите на кои се возбудувате при самата помисла.

omilenoto-cokolado-ve-otkriva-dali-ste-plackovci-ljubopitni-ili-prefineti-1.jpg

4. Чоколадо со карамела – чувствителни личности

Љубители сте на животните, поп музиката и романтичните филмови. На другите им е потребно време за да ве запознаат, но кога еднаш ќе го откријат вашиот карактер, сфаќаат дека сте многу нежни и добродушни. Сакате да приредувате изненадувања за своите блиски луѓе. Секогаш ве води срцето и често плачете на венчавки и романтични ситуации.

5. Крцкава чоколада со бисквити – енергични личности

Сакате шопинг, танцување и акциони филмови. Полни сте со енергија и секогаш имате што да правите и со кого да разговарате. Наоѓате начин да се опуштите и да го избегнете стресот. Често ве опоменуваат во кино и театар дека сте многу гласни.

6. Чоколадо со лешник и овошје – таинствени луѓе

Обожавате книги, музика и трилери. На прв поглед делувате како многу отворена и директна личност, но под површината криете многу сочни тајни. Без оглед на тоа колку другите ќе ве принудуваат да им откриете некоја тајна, вие не се давате, додека соговорникот прв не ви ја открие неговата тајна.

omilenoto-cokolado-ve-otkriva-dali-ste-plackovci-ljubopitni-ili-prefineti-2.jpg

7. Ментол чоколадо – темпераментни личности со немирен дух

Сакате фестивали, рокенрол, драми. Одличен советник сте и луѓето секогаш прво вам ви се обраќаат за помош. Не ве држи место. Кај вас важи изреката „не е што кажувате, туку како го кажувате“.

8. Чоколадо со печени бадеми – мудри луѓе

Сакате технологија, класична музика и документарци. Луѓето ви се многу љубоморни. Често се чудат како сте толку паметни и секогаш имате трик или решени за сè. Одлично се снаоѓате во друштвените игри.

9. Црно чоколадо – најважно ви е здравјето

Вашата цел е да бидете фит и секогаш максимално да го искористите денот. Од вас луѓето може да побараат совет кога е во прашање исхраната, но и потенцијалниот партнер. Вашето мото е: „Изгледај убаво, чувствувај се добро“.

omilenoto-cokolado-ve-otkriva-dali-ste-plackovci-ljubopitni-ili-prefineti-3.jpg

Се пронајдовте?



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на потсвеста - Столчето на кое би седнале открива во која фаза од животот се наоѓате во моменто... Дали сте во фаза на личен раст, во период кога имате голема надеж за промени, во...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...

Најчитани неделава