Тест на личноста: Откријте дали ја работите професијата за која сте родени?

test-na-licnosta-otkrijte-dali-ja-rabotite-profesijata-za-koja-ste-rodeni-01.jpg

Круг

Најважни ви се добрите односи, односно оние кои ве опкружуваат да бидат среќни. Затоа, не е ни чудо што токму вие сте соработникот кој ги држи сите заедно. Во состојба сте да ја стабилизирате групата на луѓе со кои работите и поседувате висок капацитет за емпатија. Но, ваши маани се склоноста кон озборување, неодлучност, мрзеливост и самооптужувањето кое не ви дозволува да го пронајдете сопствениот мир.

Идеално занимање: Актер, маркетинг агент, домаќинка, историчар, наставник, угостител, писател.


Квадрат

Сакате напорно да работите и сакате да го завршите она што сте го почнале. Голема предност се ситуациите во кои до израз доаѓа вашата трпеливост. Но, со оглед на тоа што сте во состојба да го проверите секој детаљ, вашата одлучност се забавува, па тешко ќе ја достигнете позицијата на шеф. Заради доминантното користење на логиката, никогаш не го слушате внатрешниот глас, туку сте подготвени да анализирате со часови само за да дојдете до вистинското решение. Никогаш не се потпирате на интуицијата.

Идеално занимање: Сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, лекар, инженер, секретар, возач.


Триаголник

Родени сте како менаџер, лесно можете да се прилагодите и брзо ги анализирате ситуациите. Брзо учите и новите информации буквално ги впивате. Имате голема самодоверба и сакате кога сте во право, затоа најтешко ви е да ја признаете личната грешка. Вашите предности се контролата, критичноста, иновативноста, прецизноста, амбицијата и визијата. На патот кон високо поставените цели може само да ве попречи нетрпеливоста.

Идеално занимање: Архитект, дизајнер, економист, менаџер, правник, војник, пилот, политичар.


Правоаголник

Постојано се обидувате да седите на две столици. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез во моменталните ситуации. Другите често ве карактеризираат како збунети работници, со недостаток на самодоверба, додека пак од друга страна ве одликуваат со заинтересираност и храброст. Често пати се обидувате да направите нешто за што никој до сега немал храброст.

Идеално занимање: Претприемач, аниматор, водач на оддел, сценски уметник.


Крива линија

Креативни сте, па не ги сакате стандардните форми и облици на работите. Се потпирате на својата креативност, имате способност да ја гледате внатрешната убавина на се што ве опкружува. Но, од друга страна сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува монотоно, па затоа сте во постојана потрага по нешто ново. Лесно доаѓате до идеи, но нивната реализација ви е малку потешка и тоа е вашата единствена маана.

Идеално занимање: Уметник, дизајнер, научник, музичар, професор, истражувач.

Колку се разликува вашата моментална професија од вашето идеално занимање?



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Јапонски тест на личноста: Овошјето што ќе го изберете ја открива вашата најважна особина Фокусирајте се на илустрацијата, изберете едно овошје, тоа ќе ви ги открие вашит...
Тест според нумеролозите: Бројот на домашната адреса ја открива вашата судбина Верувате ли во моќта на бројките? Нумеролозите тврдат дека бројките влијаат на с...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg