Споредете ја должината на прстите и дознајте повеќе за карактерот, здравјето и работата

sporedete-ja-dolzinata-na-prstite-i-doznajte-poveke-za-karakterot-zdravjeto-i-rabotata-02.jpg

Подолг домал прст

Велат дека овие луѓе се физички прекрасни. Тие зрачат со шарм на кој никој не може да му одолее. Одлучни се и со голема самодоверба, дури и агресивни ако има потреба. За нив секој проблем е предизвик. Главно се војници, инженери или математичари, затоа што ги бидува за загатки и тестови. Научниците исто така открија дека овие луѓе заработуваат многу повеќе од сите останати. Луѓето со подолг домал прст се надарени и за спортување, но исто така имаат 2 пати да заболат од остеопороза и артритис на коските. Долгиот домал прст исто така значи дека имате поголеми шанси да бидете анорексични. Добра вест е што овие луѓе се помалку склони кон пушење.


Подолг показалец

Луѓето со подолг показалец имаат голема самодоверба која на моменти се граничи со ароганција. Уживаат во самотијата и не сакаат кога некој ги вознемирува во слободното време. Не се личности кои го прават првиот чекор, што се однесува до љубовта, но го ценат вниманието кое го добиваат. Жените кои имаат подолг показалец имаат поголеми шанси да заболат од рак на дојка. Мажите пак со подолг показалец се посклони кон срцеви удари и тоа пред 50-та година. И мажите и жените кои ќе се пронајдат во оваа група побурно реагираат на одредени намирници и се склони кон алергии. Добра вест е што лицата со подолг показалец имаат помали шанси да заболат од рак на простатата.


Иста должина на показалецот и домалиот прст

Личностите кои имаат иста должина на овие два прста се мирољубиви и се чувствуваат непријатно кога и да дојдат во конфликт. Добро се организирани и се обидуваат да воспостават мирни односи со сите. Ги одликува верност во врската, нежни се и грижливи кон блиските. Што се однесува до болестите, нема посебно предупредувања затоа што се смета дека се многу поотпорни на болести и алергии од претходните два типа.



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...
Изберете едно огледало и дознајте колку добро ги читате луѓето Некои луѓе ни изгледаат доверливи, некои резервирани, некои пресамоуверени. А мо...
Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружи... Овој визуелен тест со четири петли, колку и да ви изгледа смешно, сепак ќе ви по...
Начинот на кој ги држите рацете зад грб открива многу за вас - Дали сте вообразени или харизматични? Ако знаете да го фатите зглобот, вие сте природно самоуверени. Овој гест покажув...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...

Најчитани неделава