Тест: Низ која порта ќе поминете?

test-niz-koja-porta-ke-pominete-1.jpg

1. Го одбравте патот на ослободување

Вие сте човек на кој му е потребен голем простор, сакате слобода и обожавате да ги правите работите на ваш начин. Преферирате животни патишта кои сами ќе ги направите, не се потпирате многу на другите и секогаш имате повеќе опции. Никогаш не сакате да бидете ограничени. Независни сте, понекогаш и бунтовни, но не сакате конфликти. Попрво бирате пасивен отпор. Не сакате да сте во брзање и го цените уживањето во животот. Понекогаш дури и сте презафатени со хедонизмот.


2. Го одбравте патот на приватноста

Сакате да патувате сами, да размислувате, анализирате, донесувате заклучоци. Тежнеете по пријатен животен пат на кој има место само за еден човек. Секако, отворени сте и за другите, но на прво место ви се вашите цели. Оригинални сте и светот го гледате на посебен начин. Често пати и другите имаат голема корист од вашиот аспект на размислување и вашите совети. Може да се каже дека сте осамени, но кога тоа го сакате, можете лесно да се поврзете со луѓето околу вас затоа што имате големо разбирање.


3. Го одбравте живописниот пат

Вие сте привлечна и зафатена личност која сака да проба буквално се. Вашиот единствен сон в животот да ви биде исполнет со бои, возбудувања и убавина. За вас животот е пат, а не дестинација. Љубопитни сте и секогаш сакате да знаете нешто повеќе. Секогаш први започнувате разговор и главата ви е полна со прашања. духовити сте и со изразена интелигенција, па затоа луѓето секогаш се насмеани во ваше друштво.

test-niz-koja-porta-ke-pominete-2.jpg

4. Го одбравте возбудливиот пат

Секогаш одите напред во животот и со задоволство влегувате во непознатото. Не се грижите за последиците, со нив се занимавате подоцна. Тежнеете кон непредвидлив живот и работи кои другите ги плашат. Ве привлекува се што е непознато, им пркосите на правилата и често сте невнимателни. Сепак, ве прати огромна среќа. Спонтани сте и секогаш знаете максимално да го искористите времето кое ви е дадено.


5. Го одбравте патот на стабилноста

Вие сте во вечна потрага по мирот и никогаш не претерувате со барањата. Понекогаш едноставно не сакате да се потрудите, иако имате потенцијал. За вас совршениот живот значи живот без грижи и оптоварувања, сигурен и пријатен. Сакате се да знаете однапред и секогаш го бирате полесниот пат. Животот е доволно тежок, па зошто би го отежнувале со комплицирани ситуации и избори? Стабилни сте и знаете да пружите поддршка. Познати сте по својата доследност и верност.


6. Го одбравте патот на тишината

Ја цените самотијата во сите животни полиња. Може да поминат денови и месеци без да почувствувате потреба за друштво, едноставно сакате мир и тишина. Сакате да ги впиете сите природни убавини и барате некакво значење во се што ве опкружува. Сакате луѓе, но не и гужви. Ги цените автентичните односи и длабоките, смислени разговори. Тешки сте за склопување нови пријателства, но затоа оние кои ги имате ви се цврсти и стабилни.



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Дали сте лидер, тимски играч или добар работник? На илустрацијата има 6 мачки - изберете една што ви се допаѓа најмногу и дознајт...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...
Тест на потсвеста: Изберете една птица и дознајте што ве прави посебни Секоја птица е поврзана со една или две карактеристики кои ве прават посебна лич...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg