Тест кој открива какви сте по природа: Прошетка низ планина

test-koj-otkriva-kakvi-ste-po-priroda-proshetka-niz-planina-01.jpg

Решение на тестот во планина:

Планината која е претставена пред вас го прикажува вашиот татко или личноста која вам ви била како татко. Во психологијата тој е манифестација на архетипот „Стар мудрец“. Каменот кој го барате ја претставува способноста и силата која морате да ја најдете во себе на патот кон тоа да станете зрела и независна личност.

1. Впечатокот кој го имате за планината на самото подножје е сликата која ја имате за вашиот татко. Дали вашата планина е немилосрдна? Дали е нежна и лесно можете да ја освоите? Или можеби имате идеализирана слика за некој величествен врв кој ве повикува да го освоите?

2. Каменот кој го барате ги претставува вашите сè уште неоткриени таленти и способности. Одговорот на ова прашање зборува за тоа дали некогаш ќе успеете да ги реализирате вашите неоткриени потенцијали.

Ако сте рекле дека ќе продолжите да го барате каменот по секоја цена, упорни сте и решени да го направите она што сметате дека е неопходно за вас. Никогаш не се откажувате, дури и кога напорите ви се залудни.

Ако сте рекле дека ќе престанете со барањето на каменот тој ден и ќе се вратите некој друг пат, вие сте тип кој ја штеди својата енергија. Го распределувате трудот и силата на подолги периоди. Вие сте личност која вистинското цутење го доживува тек во подоцнежните години од својот живот.

Ако целосно се откажавте од пребарувањето на каменот, постои опасност дека никогаш нема да ги искористите своите потенцијали.

3. Како изгледа каменот? Описот на каменот покажува колку вие мислите дека вредите.

4. Зборовите кои и ги упативте на планината се зборовите кои отсекогаш сте сакале да ги кажете на својот татко, а не сте имале можност да го направите тоа. Одговорот кој ви го дава планината е она што вие мислите дека вашиот татко чувствува кон вас.

Дали нешто од ова ви звучи познато?



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...

Најчитани неделава