Oдберете ја омилената карта - таа крие порака за ваша подобра иднина

Карта бр.1

Таа е карта на вербата и создавањето.

Ве потсетува дека сами си ја креирате реалноста, со сопствените одлуки и дела. Можеби во одредени мигови се сомневате во вашата способност да ги материјализирате своите соништа. Но, штом ви се појават сомнежи, сетете се дека сте ентузијастична, страствена и храбра личност. Вам во природата ви е да достигнете сѐ што ќе зацртате.

Време е да верувате и да создавате. Да ја дефинирате својата вистинска смисла во животот, како и да ги визуелизирате замислените цели, па да го преземете првиот чекор кон остварување на сопственте соништа.

Не е неопходно да ја согледате целосната патека, ниту да знаете што точно треба да правите. Само е потребно да го направите првиот чекор со верба, како и да го задржите позитивниот став, бидејќи ќе ви овозможи да бидете среќни и да растете како личност.

А, остатокот од патот секако ќе почне да се открива дури одите. Време е да тргнете!

odberete-ja-omilenata-karta-taa-krie-poraka-za-vasha-podobra-idnina-2.jpg

Карта бр. 2

Таа е карта на животот во сегашноста.

Кога се чувствувате тажно, тоа е затоа што предолго се држите до спомените од минатото. Кога се чувствувате вознемирено, пак, тоа е затоа што трошите премногу време размислувајќи за иднината.

Запомнете дека минатото и иднината не се ништо друго, туку ментални проекции на она што некогаш било, или, пак, очекувате дека ќе биде. Единственото нешто кое навистина постои и вам ви припаѓа е сега и овде, кадешто реално се случува животот.

Не е случајно што ја одбравте токму оваа карта. Таа доаѓа за да ви порача дека иако не може да го промените минатото – било па поминало – секогаш може да направите нешто со кое би си ја подобриле сегашноста, па да тргнете напред кон посреќна иднина.Сега е моментот да се ослободите и му се заблагодарите на минатото, бидејќи ги изградило вашите темели, да ја вреднувате секоја научена лекција, но и да сфатите дека живеете исклучиво во сегашноста.

Сѐ што сега правите со љубов и ентузијазам, неминовно ќе се огледа и во вашата иднина. Секое ваше дело денес е семе кое неизбежно ќе изникне утре.

odberete-ja-omilenata-karta-taa-krie-poraka-za-vasha-podobra-idnina-3.jpg

Карта бр. 3

Таа е карта на дарбата и посветеноста.

Вие сте личност која знае дека предаденоста и желбата за успех се клучни за изградба на живот од соништата. Секогаш ги внесувате душата, умот и срцето во сѐ што работите.

Вашиот главен предизвик е да бидете трпеливи, односно научите да одите во чекор со животот. Некогаш сте веројатно малку повеќе загрижени, па во прашање го доведувате природниот тек на случувањата. 

Запаметете дека животот е совршен таков каков што е, како и дека има своја временска линија. Не се брзајте никаде, туку чекорете слободно по избраниот пат. Порано или подоцна, ќе пристигнете до среќата.

Ако давате сѐ од себе, резултатите нема да изостанат. Продолжете да се движите напред, полни со љубов, храброст и верба дека секое добро ќе дојде, во свое време и со причина.

odberete-ja-omilenata-karta-taa-krie-poraka-za-vasha-podobra-idnina-4.jpg

Карта бр. 4

Таа е карта на љубезноста и балансот.

Универзумот функционира во рамнотежа. Секоја акција предизвикува реакција, а секој чин има своја последица. Доколку постапувате со љубов, благостојба, среќа и богатство, тогаш позитивните дела десеткратно ќе ви се вратат, но само ако го допуштите тоа.

Оваа карта пристигнува во вашиот живот, за да ве потсети дека спротивно на учењата, колку што е важно да знаете да давате, толку е важно и да се научите да примате.

Вам љубезноста ви е крвта, па со години несебично сте им давале на другите луѓе. Сега е време да си дозволите на себе да бидете наградени за сите добрини, примајќи ги даровите што животот вам има да ви ги даде.

Сметајте се себеси за личност која е достојна за убави нешта, за да истите почнат да се манифестираат во вашиот живот. Ќе го добиете само она што мислите дека го заслужувате.  

odberete-ja-omilenata-karta-taa-krie-poraka-za-vasha-podobra-idnina-5.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...

Најчитани неделава