Тест на личноста: Одберете еден пердув и дознајте каков карактер имате

Odberete-eden-perduv-i-doznajte-kakov-karakter-imate-01.jpg

ПЕРДУВ БР. 1

Ги избегнувате конфликтните ситуации по секоја цена. Повеќе преферирате тишина и мирно опкружување. Понекогаш, кога луѓето зборуваат премногу гласно, особено наутро, имате чувство дека главата ќе ви експлодира.

Одлично се сложувате со пријателите и лесно склопувате пријателства. Особено сте популарни поради дозата мистериозност која ја носите во себе.

Вашата најголема слабост е тоа што не знаете да кажете НЕ. Некои мислат дека сте наивни, додека други ја мешаат вашата емпатија со лековерност. Сепак, туѓите мислења не ве засегаат премногу, затоа што вие одамна сте решиле дека сте и сакате да бидете добра личност подготвена да помогне секому.

ПЕРДУВ БР. 2

Вие сте издржливи и цврсти. Вашето средно име треба да биде талент. Сепак, вродениот перфекционизам прилично многу ви го отежнува секојдневието.

Знаете премногу работи, што не се покажува сјајно во секоја животна прилика. Понекогаш страдате од премногу знаење и мудрост и наместо корист си нанесувате само штета.

Преферирате самотија, затоа што на тој начин подобро успевате да сте сами со своите мисли. Но, вашето отсуство понекогаш ги погодува најблиските. Сепак, бирате да си го зачувате здравиот раум и сопствениот мир, пред сè останато во животот.

ПЕРДУВ БР. 3

Моќни сте, сакате да истражувате нови работи и никогаш не можете да се помирите со досадата.

Сакате да постигнете многу работи наеднаш, поставувате високи цели, токму какви што се и вашите стандарди. Давате сè од себе да го остварите зацртаното.

Родени сте да ја водите толпата, имате вродена сила на лидер.

Но, треба да ги избирате сојузниците во животот мошне внимателно, бидејќи некои од нив може сериозно да ви наштетат и да ве дефокусираат од целта.

ПЕРДУВ БР. 4

Знаете точно кои сте и се држите до своите правила и принципи. Немате време за празни муабети и бесмислени ситници.

Изненадувачки и спротивно на сето ова, понекогаш главата ви е во облаците.

Некои сметаат дека сте премногу напорни во одредени ситуации, бидејќи инаетот е многу посилен од вас. Истовремено, невозможно е некој да ве прејде или прелаже, интуицијата ви е особено изразена.

За секоја последица, вие ја барате причината. Обожавате логика, и не сте водени исклучиво од импулсот, односно темпераментот.

Се преморувате во обидот сè да биде во совршен ред. Сепак, не заборавајте дека сте само човек на кого му е дозволено да прави грешки одвреме-навреме.

ПЕРДУВ БР. 5

Дишете за уметноста во секој можен облик. Имате силно изразена интуиција и внатрешен глас, како и талент за креирање.

Ниското ниво на самодоверба понекогаш ве враќа неколку чекори назад. Некои денови се чувствувате како да сте на самото дно. Тоа ве тера постојано да си ги преиспитувате можностите и сопствените капацитети. Не дозволувајте ова да ве враќа постојано назад.

Не ја земајте здраво за готово работата којашто ја работите. Најмногу се трудите кога правите нешто за другите луѓе.

Покажувате премногу љубов и внимание кон другите, па затоа треба да бидете малку пољубезни кон себеси.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на потсвеста - Столчето на кое би седнале открива во која фаза од животот се наоѓате во моменто... Дали сте во фаза на личен раст, во период кога имате голема надеж за промени, во...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Начинот на кој ги држите рацете зад грб открива многу за вас - Дали сте вообразени или харизматични? Ако знаете да го фатите зглобот, вие сте природно самоуверени. Овој гест покажув...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...

Најчитани неделава