Првото нешто кое ќе го забележите на сликата го открива вашиот длабоко скриен страв

МАЛО ДЕВОЈЧЕ

Доколку првото нешто што го забележавте беше малото девојче, вашите стравови потекнуваат од длабоко потиснати чувства што датираат од детството. Постојат многу видови на настани кои можат да го одбележат умот на детето во детството.

Доколку не се правилно разработени и објаснети, постојат шанси истите да се појават во зрелоста во вид на грижи, зависности, когнитивно однесување и несоодветни желби.

Односот со мајката е мошне значаен за вашиот емотивен развој.

Ако како дете сте поминале премногу време одвоени од мајката или пак таа ви покажала сосема малку или скоро никаква љубов во вашето рано детство, можно е овие трауми несвесно да ги проектирате преку скриени стравови.

На овој начин, децата може да развијат страв од донесување одлуки или преземање одговорност.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (2).jpg

ПЕПЕРУТКА

Пеперутката е еден од симболите кои обично се поврзани со позитивно значење. Сепак, истовремено постои и длабоко потсвесно значење за тој симбол кој произлегува од потемно место.

Врз основа на интерпретацијата на соништата, знаеме дека пеперутката е знак на можности и нови почетоци.

Светлата и живописна пеперутка може да биде знак за добра надеж, нов почеток во нечиј живот, додека безбојната пеперутка е поврзана со нереализирана можност или пропуштена прилика за која се каеме.

Ако првото нешто што го забележавте на оваа слика беше пеперутката, вашите потсвесни стравови се однесуваат на стравот од смртта, или пак гледано од друга перспектива - стравот од неисполнет живот и недостаток на можности.

Воедно, можно е да имате огромна количина на потиснати емоции на тага поради вашите најблиски кои веќе не се меѓу живите.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (1).jpg

ЈАГОДА

Јагодата е совршено поставена во центарот на сликата. Споредено со девојчето, јагодата е нереално поголема, но имајте предвид дека ова овошје го симболизира срцето. Јагодата претставува симбол на љубовта уште многу одамна.

Доколку првото нешто кое го забележавте на илустрацијата е јагодата, она што го барате е во вашето срце. Најголемите стравови ви потекнуваат од несвесниот отпор кон љубовта.

Овој страв доаѓа од емоционалниот отпор кон нешто толку прекрасно и неверојатно како љубовта, и често пати се поврзува со нашето детство и како нашите родители ги покажувале своите чувства еден спрема друг пред своите деца.

Претераната големина на јагодата всушност покажува колку многу сакате да дадете љубов.

Ова покажува дека имате толку многу љубов што ја потиснувате во себе и се плашите да ја дадете некому, бидејќи верувате дека ќе бидете повредени.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (4).jpg

ПАЈАК

Пајакот е еден од најчестите стравови што ги имаат луѓето. Тој е како еден вид на механизам за еволутивен опстанок кој нè прави длабоко свесни за некоја мала опасност што може да нè опкружува.

Пајакот симболизира потсвесен страв дека нашето опкружување не е безбедно.

Доколку прво го забележавте пајакот, тоа значи дека вашите несвесни стравови потекнуваат од чувството дека не сте сосема безбедни во вашата околина.

Секогаш обрнувате дополнително внимание на деталите, се обидувате да откриете нешто лошо или да детектирате некој вид на опасност, дури и на најбезбедните места.

Тој константен страв од опасност не ви дозволува да им се предадете целосно на убавите пријатни моменти во целост и честопати ви ги расипува плановите. Анксиозноста и паничните напади може да бидат нешто со кое веќе сте запознаени, а можеби и се борите со нив.

Можно е овие стравови да потекнуваат од родителите кои премногу се грижеле и сè уште се грижат за вас или можеби е начин на размислување што сте го развиле самите во текот на растењето и созревањето.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (3).jpg

ДРВЈА

Дрвото е еден од најмоќните психолошки симболи. Еден од најдобрите психоаналитички тестови ја оценува психата на една личност според позицијата и изгледот на дрвото кое личноста ќе го нацрта на парче хартија.

Дрвото ги симболизира вашите корени, и во овој случај има подлабоко значење. Две дрвја кои формираат мост симболизираат дека во нас има некој внатрешен конфликт што сè уште не сте успеале да го решите.

Најчесто се работи за некој вид на емоционална поделба чии делови на сложувалката не можете да ги споите.

Ако она што прво го видовте на сликата беа двете дрвја, тоа значи дека вашите најголеми стравови потекнуваат од прифаќањето на тоа несвесно емоционално разделување.

Вие се плашите да прифатите дел од својата потсвест и го развивате својот идентитет заобиколувајќи ја оваа сенка, игнорирајќи ја и правејќи си отпор самите на себе.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (6).jpg

МЕЧИЊА

Единствениот начин да најдете утеха и смирување како мало дете веројатно било да ја гушнете својата омилена плишена играчка.

Таа е симбол за смирување кај секое дете, симбол на разбирање, безбедност и топлина.

Тоа е воедно и симболиката на мечето: Вашиот верен пријател кој безусловно е тука за вас и ве разбира секогаш, вашето сигурно место кое е исполнето со топлина и љубов. Кога стравот ве надвладува, вие го гушкате омиленото мече, а тоа е сосема природен одговор на децата.

Сепак, мечките на оваа слика изгледаат малку поинаку, а фактот што ги забележавте прво нив открива нешто интересно. Вие се плашите – од стравот.

Се плашите од преземање ризик, неуспеси и падови.

Prvoto-nesto-na-slikata-go-otkriva-vasiot-dlaboko-skrien-strav (5).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...
Тест на личноста: Дали сте доверливи или во вас се крие доза љубомора? Што најпрво забележавте на фотографијата? Вашиот првичен впечаток им кажува на д...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Тест на личноста: Избројте колку волци има и откријте колку ви е силна интуицијата Постојат повеќе оптички илузии кои ќе ви помогнат да откриете повеќе детали за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg