Одберете египетска тарот карта и откријте ја вашата иднина

1. Месечината

Месечината има големо влијание на природата и на луѓето бидејќи според античките митови таа е способна да ја трансформира секоја личност така што ќе ги прикаже нејзините најлоши инстинкти.

Со оваа карта се нагласува вашата страст, но исто така и вашата љубомора и тоа не само кон партнерот. Доколку чувствувате одбивност кон некоја личност, тоа уште повеќе ќе се нагласи под влијанието на оваа карта.

Картата на месечината ви кажува дека ќе мора да мислите смирено пред решавање на проблемите. Доколку не размислите добро во поглед на одлуката, може да доживеете неуспех. Бидете трпеливи во поглед на резултатите од вашите постапки, бидејќи тие ќе пристигнуваат бавно.

2. Високиот свештеник

Свештеникот е претставен преку богот Анубис, господарот на подземјето, чуварот на душите и тајните, и оној којшто е присутен при судењето на мртвите. Анубис е исто така познат и како Водичот, бидејќи тој е оној што ги води душите во нивното вечно почивалиште или казна за делата што ги направиле за време на нивниот живот на земјата.

Доколку сте наклонети кон зло и лоши работи, за вас ќе има вечна казна без милост за вашата душа, но доколку правите добри дела и вашето срце е нежно и милосрдно, тоа ќе ви донесе среќа и напредок во животот.

Оваа карта ве учи реално да процените што се случува во вашиот живот и да научите да ја гледате добрата страна на работите. Свесни сте дека секое дело, добро или лошо, носи свои последици, но вашиот инстинкт ќе ви помогне да пронајдете баланс и хармонија.

3. Триумфот

Овој симбол го претставува крајот на битката. По долгата борба, пристигнувате како победници, исто како на вашата карта, крунисани од сонцето.

За време на битката во која пролеавте многу солзи, не чувствувавте речиси ништо и бевте мртви одвнатре, сега одеднаш како Феникс од пепелта се враќате во живот и наоѓате среќа во малите нешта.

Оваа карта ви носи подобри времиња, среќа и финансиски успех. На крајот, вашата награда конечно пристигнува.

Сега чувствувате дека сте практично непобедливи, подобро е никој да не ви стои на патот. Иако мечот ви е уморен и истрошен, сепак имате доволно сила да продолжите да делите смртоносни удари. Вие сте незапирливи.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...

Најчитани неделава