Картата што ќе ја одберете го опишува сегашниот момент од вашиот живот

Картата со реден број 1

Оваа карта ви кажува дека е време за нови почетоци и дека ќе има многу шанси за да почнете одново. Овие шанси играат многу важна улога да ве донесат до онаа позиција во која требало отсекогаш да бидете. Затоа следете ги каде и да ве водат. Ве поттикнува да ја најдете внатрешната сила и храброст за да зачекорите во непознатото, да го почувствувате стравот и покрај тоа, сепак да започнете нов живот.

Новите можности може да се презентираат во вид на љубовна врска, промени во домот или во кариерата. Тие може да бидат шанса за преселба, студии или патување. Без разлика на сè, мора да внимавате на знаците и да го зграпчите моментот кога ќе се појави. Кога сте отворени кон новите почетоци, универзумот ќе ви го донесе следниот логичен чекор.

За да ја подобрите моменталната ситуација, треба да се приспособите и хармонизирате со природниот ритам на циклусите на вашиот живот, циклуси кои ве водат кон возбудлив, нов почеток. Затоа бидете оптимистични и амбициозни и следете ги ветровите на промените.

Порака: Прифатете ги новите почетоци со раширени раце и соништата ќе ви се остварат.

Картата со реден број 2

Оваа карта ви покажува дека треба да се фокусирате на вашето здравје и грижата за себеси. Истражувајте нови навики коишто ќе го подобрат вашето физичко, емоционално и ментално здравје. Без разлика на тоа дали ќе истражувате конвенционални или алтернативни методи, важно е да ги ставите вашето здравје и среќа пред сè друго. Ова е времето идеално за елиминирање на сите нездрави навики и однесувања кои го спречуваат вашиот успех.

Доколку имате потреба може да се консултирате и со професионалци, а промените можете да ги направите и самите. Едни од основните предуслови за оптимално здравје се редовните медицински проверки, добрата исхрана, вежбањето, пиењето многу вода, добриот сон, детоксификацијата, шетањето во природа, практикувањето релаксирачки активности, избегнувањето на токсични средини, позитивното размислување, практикувањето медитација или јога, дефинирање на вашите лични ограничувања и граници, правење на она што го сакате, почесто смеење и посветување време на себеси.

За да ја подобрите сегашната ситуација, треба да се адаптирате и хармонизирате со природниот ритам на циклусите во вашиот живот, циклуси кои ќе ве охрабрат да работите на подобрување на вашето здравје. Ова не е време за губење, туку време за акција.

Порака: Со здраво тело и здрав ум, ќе ја подигнете вашата целокупна енергија.

Картата со реден број 3

Оваа карта ви кажува дека треба животот да го гледате како авантура. Никој не знае што ќе се случи утре, па зошто денес да не се искористи до максимум? Со одбирањето на оваа карта вие сте поттикнати да излезете од секојдневието и да искусите нови работи. Не мора да биде нешто драматично, доволни се и само неколку мали приспособувања коишто ќе создадат авантура.

Ова е време кога треба да бидете храбри и отворени кон нови искуства. Можеби сакате да преуредите дел од мебелот дома или да експериментирате со нов стил на облекување. Можеби ќе пробате нов вид на храна или ќе започнете ново хоби или ќе одите на далечно патување. Понекогаш и новата верзија на нешто веќе познато е доволно за да ги раздвижи работите. Дури и добро дело по случаен избор може да биде авантура.

За да ја подобрите сегашната ситуација, треба да се адаптирате и хармонизирате со природниот ритам на циклусите во вашиот живот, циклуси кои ве водат кон нови искуства и авантури. 

Имате нови луѓе за среќавање и многу нови работи за да ги видите и доживеете. Затоа отворете се кон непознатото, ревитализирајте го вашиот дух и проширете ги хоризонтите. Авантурата ја стимулира животната сила и ја подобрува поврзаноста со животот.

Порака: Проширете ги животните искуства и зголемете го растот на вашата душа.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на потсвеста: Првата работа што ќе ја видите открива на што треба да работите за да бидете поср... Дали видовте врат од човек, стебла или и врат и стебла одеднаш? Зависно од ...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...

Најчитани неделава