Маж или жена – што видовте прво на сликата?

МАЖ – Вие сте силни, нескршливи со непоколеблива волја

Имате цврсти ставови кои не ви менувате за ништо на светот и делувате моќно. Кога и да наидете на препрека во животот нема да ја покажете својата фрустрација или тага пред другите луѓе.

Најчесто изгледате среќно и како да немате ниту една грижа на умот, барем однадвор, бидејќи не ги откривате мислите и емоциите така лесно пред останатите. Кога сте во друштво секогаш сте енергични и покажувате силни лидерски квалитети.

Со вас човек лесно може да се договори, но истовремено носите одлуки отсечно. Се одликувате со аналитичен ум и ретко ја следите топлата. Во очите на другите луѓе вие сте полни со позитивна енергија. Ти се чувствуваат среќно во вашата близина и се чини дека комуникацијата и пријателствата лесно ви одат од рака.

Имате силна волја и не сакате да се потпирате на никој друг освен на себеси. Се одликувате со љубопитен ум. Мразите да заобиколувате, сакате веднаш да прејдете на главната поента.

Пријателствата и љубовните врски ги сфаќате многу сериозно. Имате тенденција да се однесувате многу подобро кон другите луѓе отколку кон себеси. Сепак, понекогаш се чувствувате осамено и несигурно и потребна ви е пофалба, односно валидација од луѓето со коишто сте блиски, за повторно да се почувствувате сигурно и моќно.

ЖЕНА – Вие сте дарежливи и многу позитивни

Мотивирани сте и секогаш се вложувате 100% кога станува збор за остварувањето на вашите желби и соништа. Луѓето ѝ се восхитуваат на вашата дарежливост и позитивниот, оптимистички дух. Кога сте во друштво не само што се истакнувате со своето темелно планирање, но сте и многу ефикасни.

Одлични сте кога станува збор за набљудување на вашето опкружување, емоциите и говорот на телото на другите луѓе. Кога комуницирате со нив не си дозволувате да ги навредите, бидејќи многу внимавате на емпатичноста и се однесувате со луѓето онака како што сакате тие да се однесуваат со вас.

Луѓето едноставно ве обожуваат поради вашите социјални вештини и начинот на којшто комуницирате со нив и како правите да се чувствуваат.

Сепак, пребирливи сте и многу чувствителни кога ги бирате најблиските пријатели со коишто сакате да го поминувате времето. Вие добро се познавате себеси и знаете како може да ви се смени расположението кога сте опкружени со негативни, токсични луѓе. Ги препознавате сопствените емоции и не ви е тешко да им кажете стоп на пријателствата кои ќе ви донесат само тага и нервози.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Дали сте лидер, тимски играч или добар работник? На илустрацијата има 6 мачки - изберете една што ви се допаѓа најмногу и дознајт...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Што ве прави неодоливи за луѓето? Првата работа што ќе ја видите ќе ви открие зошто ве сакаат луѓето. Првата ра...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...
Тест на личност: Првата работа што ќе ја видите открива тајна за вашиот карактер Двојка што танцува, старец со мустаќи, слугинка што чисти или старец кој лежи во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg