Кокологија: Овој јапонски „тест со коцка“ ќе ви открие сè за вашиот карактер

Ви гарантираме дека ниту еден интернет квиз не е толку информативен како овој што ќе го направите сега.

Kokologija-japonski-test-so-kocka-01.jpg

Познат е како „тест за карактерот со коцка“ и е развиен од страна на јапонски психолози во 2000 година. Квизот за прв пат е издаден во бестселерот „Кокологија“ од јапонскиот автор Тадахико Нагао, а главниот фокус е на анализата на длабоката психологија со помош на теориите на Јунг и Фројд.

Книгата прикажува серија на психолошки и хипотетички прашања што се така дизајнирани што ќе ја откријат скриената природа на читателот во врска со интимноста, фамилијата, љубовта, работата и другите елементи од неговиот живот.

Ова е всушност игра на самооткривање кое може да доведе до интересни, а понекогаш и смешни откровенија преку одговарање на прашања на навидум невини теми. За разлика од другите тестови за карактерот, тестот со коцка ќе ве натера длабоко да се нурнете во потсвеста и да пронајдете нешта за кои не сте биле свесни.

Па ако сте спремни, да почнеме…

Kokologija-japonski-test-so-kocka-02.jpg

Најпрво, замислете дека сте во пустина. Пустината е неверојатно голема. Во пустината има коцка.

Ја гледате ли? Колку е голема коцката? Каде точно се наоѓа? Дали е закопана во песокот или стои на песокот или можеби лебди?

Колку е голема? Дали се движи? Од што е направена?

Размислете за ова, па продолжете на следното прашање.

Како што ја набљудувате коцката, почнувате да забележувате дека исто така има и скала во пустината.

Од што е направена скалата? Колку е долга? Дали е стара скала? Каде се наоѓа во однос на коцката?

Сега замислете дека во пустината се појавил коњ.

Дали коњот се движи? Ако се движи, тогаш во кој правец оди? Како изгледа?

Следно, замислете цвеќиња во оваа пустина.

Колку цветови можете да видите? Каде се во однос на другите предмети во пустината? Од каде растат?

Се надевам понесовте чадор – затоа што се спрема бура!

Можете ли да ја видите? Дали ветрот е силен? Дали бурата е блиску или вие сте во средина на бурата? Дали бурата воопшто влијае на коњот, цвеќињата, коцката или скалата?

Што значи сево ова? Тоа е магичното прашање, а одговорите ќе ги најдете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест: Колкава е вашата ментална возраст, според тоа колку кучиња гледате на сликата? Овде нема точен одговор, бројот на кучиња кој го гледате толкува колку сте мента...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...

Најчитани неделава