Забавен тест: Она што ќе го забележите прво открива какви сте кога сте вљубени

Дрво

Она што најмногу ви се допаѓа кога сте вљубени е начинот на кој созревате и станувате подобра личност. Можеби другите гледаат на вас како некој кому сè му е средено и „подмачкано“ во животот, но вие чувствувате дека живеете хаотично.

По раскинувањето на одредена врска се чувствувате несигурно, немате доволно самодоверба. Болката од таа и сите претходни, неуспешни врски пред неа ве тераат да се чувствуваат изгубено и осамено.

Но кога вистински ќе се вљубите, се чини дека сите ваши несигурности испаруваат. Конечно се чувствувате „свои на своето“, имате чувство како напредувате и станувате подобра личност од претходно. Ви се зголемува желбата за учење, за знаење, за нови авантури во кои бестрашно се втурнувате само затоа што знаете дека има некој доволно добар покрај вас.

Zabaven-test-kakvi-ste-koga-ste-vljubeni (1).jpg

Силуети на маж и жена

Вие ја обожавате конекцијата која ја развивате со партнерот додека сте вљубени. Тоа ви ја гали душата. Сакате да основате врска базирана на доверба, почит, обожување и поддршка. Ова се квалитети поради кои се вљубувате во некого.

Кога ќе ги најдете сите овие клучни работи во една личност, инстантно заборавате на скршеното срце, на лошите спомени од минатото и празнината која ви ја оставиле во душата. Заборавате на сета болка и се радувате на убавите моменти кои ви претстојат со избраната личност. Се надевате дека овојпат сте пронашле некој вреден и дека ќе биде секогаш тука да ве крене на нозе кога ќе паднете.

Zabaven-test-kakvi-ste-koga-ste-vljubeni (2).jpg

Ѕвезди

Што обожавате кога „тазе“ ќе се вљубите? Тоа што се чувствувате убави, прекрасни и моќни. Вашата цел е да пронајдете партнер кој ќе ве третира еднакво на него, но ќе ги става на прво место вашите потреби, слично како и вие неговите.

Сакате некој кој ќе ја сака природната убавина во вас, не нешто вештачко. Се чувствувате горди и задоволни бидејќи сте пронашле некој што вложува исто толку напор и труд во врската колку и вие. Вие едноставно блескате кога сте вљубени, тој сјај не може да го замени ништо друго и на овој начин многу побрзо ја заборавате сета болка и пропаднатите љубовни врски од минатото.

Zabaven-test-kakvi-ste-koga-ste-vljubeni (3).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“ Себичноста е една од особините на нарцисите, а овој тест ќе ви помогне да открие...
Тест на личноста: Како ѝ пристапувате на љубовта? Дали сонувате големи љубовни соништа, се надевате на длабока емоционална врска и...

Најчитани неделава