Она што ќе го видите прво ја открива негативната страна од вашиот карактер

Девојче што гледа низ прозорецот

Имате тенденција да не ги забележувате опасните ситуации пред вас. На моменти може дури и да го ризикувате сопствениот живот без да сфатите дека сте го направиле тоа.

Реагирате спонтано, понекогаш дури и премногу наивно. Честопати се доведувате во ситуации во кои ви е непријатно и не сте доволно подготвени за истите, па се соочувате со несакани последици.

Череп

Вие сте повеќе реалист отколку идеалист. Луѓето кои не ве познаваат доволно добро ве етикетираат како циничен човек. Но, вашето мото е дека сите добри работи во животот мора еден ден да завршат.

Вистината е дека не сте ниту преголем песимист, ниту пак оптимист – реалноста едноставно е премногу силна и ве држи цврсто закотвени на земјата.

Часовник

Уплашени сте дека нема да имате доволно време да ги направите сите работи во животот. Воедно, од (не)одредени причини, смртта е тема која исто така ви предизвикува страв и непријатност.

Сакате да постигнете толку многу работи и постојано сте во трка со времето. Тоа ве исцрпува и свесни сте за ова, иако не сакате да ги признаете овие работи пред другите луѓе.

Прозорец со завеса

Ве води авантурата, сакате да се чувствувате слободно како ветерот, па најчесто заборавате на сопствената возраст и обврските. Убаво е да се биде дете, млад во душата, сè додека не ја префрлате одговорноста на некој друг.

Вие сте тип на човек „што на ум, тоа на друм“ бидејќи знаете дека секогаш ќе има некој што ќе биде тука за вас и ќе ви излезе во пресрет. Честопати сте неодговорни, а кога не се јавува никој да ве извади од „кашата“, повторно ја префрлате вината кај другите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок? Постојат две можности - мажот да трча кон светлината, или како да „бега“ од неа ...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи Изберете место на масата на кое би седнале - дали е тоа на столчето 1, 2, 3 или ...

Најчитани неделава