Она што го видовте прво на сликата ќе ви открие какви се трудите да бидете кога сте заљубени

Sto-vidovte-prvo-test-01.jpg

1. Лицето на Ван Гог

Кога сте заљубени се преправате дека сте уметник со лош карактер, којшто постојано е лошо расположен. Најверојатно се водите од реченицата: „Ако не ме поднесуваат во најлошото издание, не ме заслужуваат во најдоброто“. Вистината е дека ако сте секогаш во лошо издание, ретко кој ќе сака да ја трпи лошата енергија која ја проектирате. Освен тоа, да не заборавиме дека Ван Гог завршил трагично, а тоа сигурно не го сакате за себе.

2. Жена која оди

Колку и да се трудите да бидете безгрижни, самите знаете дека не сте. Сите имаат свои грижи и стравови, но ако сте ги криеле од партнерите во претходните врски, не плашете се да ги споделите со сегашниот партнер. Можеби тие имаат исти маки. Разговорот секогаш помага.

3. Куќи во далечината

Доколку прво ги видовте куќите во далечината, тоа значи дека сте личност која кога ќе се заљуби веднаш почнува да прави планови за заедничкиот живот, брак, деца, стареење заедно … Полека, не мора сè да дојде така брзо. Можеби не сте ни свесни за тоа што го правите, но ако само на момент застанете и погледнете што се случува околу вас, ќе видите дека навистина секогаш ве понесува моментот.

4. Човекот во средината

Вие сте личност која секогаш се адаптира на партнерот. Почнувајќи од некои мали работи, како што е гледање филм во кино иако веќе сте го гледале, па сè до одење во ресторан којшто не го сакате. Секогаш сте подготвени да се претворите во личноста којашто мислите дека вашиот партнер ја сака. Но ако веќе сте заедно, зарем не може да ве сака такви какви што сте?

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Тест на личноста - Изберете еден волк и дознајте која е вашата најголема сила во очите на другите Дали луѓето ве ценат поради вашата лојалност, поради смиреноста со која зарчите,...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...

Најчитани неделава