Фото-тест: Одберете ја жената со најсличен облик на вашето тело и дознајте што е доминантно кај вас

Јаболко (доминантна жлезда – надбубрежна жлезда)

Основни карактеристики: горниот дел од телото е забележително поголем од долниот. Жените од овој тип обично имаат широки раменици, изразени гради, помал задник, силни раце и нозе. Во повеќето случаи, кожата на претставници од овој тип е природно цврста и тие немаат тенденција за целулит. Во случај на накачување на килограми, прво добиваат на тежина градите, рацете и стомакот.

Психолошки карактеристики: Дамите со фигура „јаболко“ обично поседуваат силни лидерски способности, донесуваат одлуки многу брзо, независни се и одговорни. Сепак, имаат еден недостаток – тие не ја знаат мерката за работа, одмор, храна или спорт.

Препораки: Вегетаријанска исхрана совршено им одговара. Понекогаш треба да се ослободите од грижите и да научите да уживате во едноставни работи. Пливањето е најдобро за одржување на формата.

Правоаголник (доминантна жлезда – хипофиза)

Основни карактеристики: Телото им наликува на фигура на тинејџер: тесни колкови без јасно дефиниран струк. Рацете и нозете обично не им се долги, а главата им изгледа поголема. Исто така, овој тип се карактеризира со долг струк и мал заоблен задник. Жените со ваква фигура тешко се здебелуваат, тие најпрво добиваат на тежина во стомакот. Слабиот лимфен систем може да биде причина за оток и сува кожа.

Психолошки особини: Дамите од овој тип најчесто се интровертни, склони кон уметност и наука. Можеби изгледаат асоцијални и затворени, но не затоа што не се подготвени да комуницираат, туку затоа што си се доволни самите на себе. Понекогаш, тие се нурнуваат премногу длабоко во светот на своите мисли, заборавајќи на реалноста и секојдневните работи.

Препораки: За хармонијата на душата, жените од овој тип треба да бидат опкружени со убави работи. Во куќата треба да има што повеќе цвеќиња и мирисливи свеќи. Кога станува збор за вежбање, бодибилдингот е одлична идеја.

Песочен часовник (доминантна жлезда – тироидна жлезда)

Основни карактеристики: Телото кое наликува на песочен часовник со случај на дебелеење, добива тежина во стомакот и колковите (екстремитетите често остануваат тенки, дури и со зголемена тежина). Недостатоците кај овој тип на жени се слаби мускули и многу кревки коски. Исто така, можни се и проблеми како резултат на тенка, сува кожа, а постои и тенденција за целулит.

Психолошки особини: Овие жени се весели, активни и дружељубиви. Тие се многу комуникативни. Благодарение на ова, лесно се вклопуваат во секое општество и опкружување.

Препораки: Предност треба да му се даде на зелениот зеленчук (зелена салата, брокула, зелка, грашок, боранија и др.) и млечни производи со малку маснотии. За да се отстрани стресот и напнатоста на крајот од работниот ден, топол туш ќе биде совршен. Од спортски активности се препорачуваат групни активности и танцување.

Круша (доминантна жлезда – јајници)

Основни карактеристики: Кај претставниците од овој тип се забележува класично женско тело со тесен горен дел, заоблени колкови и задник. Силуетата наликува на круша. Зголемувањето на телесната тежина обично започнува веднаш на колковите, а половината и стомакот се заокружуваат последни. Постои склоност кон целулит.

Психолошки карактеристики: Овие дами се многу грижливи, добродушни и чувствителни. Тие лесно се вклопуваат покрај нови луѓе како да ги чувствуваат нивните мисли и желби. Поради бавниот метаболизам може да се забележи некоја надворешна незаинтересираност кај нив, но тоа е лажен впечаток, бидејќи внатре во овој тип на жена има вистинска бура од емоции.

Препораки: При избор на диета, обрнете внимание на овошјето, зеленчукот и лесните протеини. Потребна ви е комуникација за психолошка удобност. Избегнувајте осаменост, но држете се подалеку од агресивни и нервозни луѓе. Дишењето и јогата ќе помогнат да се ослободите од напнатоста и да акумулирате позитивна енергија. Запомнете дека имате бавен метаболизам, затоа е неопходна физичка активност, особено вежби за издржливост.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Тест на личноста: Што ви е потребно во животот моментално? Дали ви треба некаква промена, поддршката од саканите или повеќе страст во живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg