Тест на личноста: Каков е вашиот карактер според миленикот што сакате да го чувате?

Куче – Емотивни сте и лојални до самиот крај

Кучињата ве сакаат 100 проценти од времето, бескрајно, апсолутно и секогаш. Секој ден што го поминуваат со вас е најсреќниот ден во животот на вашето куче.

Не залудно се вели дека кучињата се најдобри пријатели на човекот. Ве почитуваат и ценат, а со тоа ви докажуваат дека никој никогаш нема да ве сака како нив. А, токму такви сте и вие со луѓето што ви значат.

test-na-lichnosta-kakov-e-vashiot-karakter-spored-milenikot-shto-sakate-da-go-chuvate-03.jpg

Мачка -  Вие сте безгрижни и независни

За мачката не треба премногу да се грижите, сè додека ѝ давате храна. За разлика од кучето, таа не бара толкава доза на внимание.

Доколку е нахранета, таа може да направи сè сама. Вам ви е добро затоа што таа ви прави друштво, а на неа ѝ е добро покрај вас. Истото може да се каже и за вашиот карактер.

Milenikot-e-ogledalo-na-vashiot-karakter-odberete-kuche-mache-ili-mozhebi-nekoe-divo-zhivotno 03 630x400.jpg

Змија - Речиси сте бестрашни и секогаш сте подготвени за нови предизвици

Ако сакате да чувате змија како домашно милениче, тогаш најверојатно сте бестрашни и не треба да ве тестираат.

Секогаш сте подготвени за нови авантури и постојат малку работи од кои навистина се плашите.

Milenikot-e-ogledalo-na-vashiot-karakter-odberete-kuche-mache-ili-mozhebi-nekoe-divo-zhivotno 04 630x400.jpg

Хрчак - Забавни сте

Тркалото по кое постојано оди хрчакот и кое постојано се врти е навистина смешно и забавно, а исто така и вие.

Сакате забава, сакате да се смеете и интересни сте за сите – но, исто така умеете да се забавувате и сами.

Milenikot-e-ogledalo-na-vashiot-karakter-odberete-kuche-mache-ili-mozhebi-nekoe-divo-zhivotno 05 630x400.jpg

Птица – Чудни сте, но интелигентни и интересни

Ако сакате птици и папагали, вие сте малку чудни, но во исто време многу интересни и паметни – едноставно се издвојувате од толпата.

Ве интригираат необични и несекојдневни работи. Отсекогаш сте сакале да избегнувате класични работи и сте избирале нешто понеобично.

Milenikot-e-ogledalo-na-vashiot-karakter-odberete-kuche-mache-ili-mozhebi-nekoe-divo-zhivotno 06 630x400.jpg

Диви животни - По малку сте ладнокрвни и понекогаш сте непредвидливи

Ако сакате диви животни и би сакале да чувате едно такво како домашно милениче, од една страна може да се каже дека сте ладнокрвни. Ваквите животни практично не припаѓаат во човековиот дом и навистина е тешко да се скротат.

Ним им одговара нивната природна средина многу повеќе отколку да бидат затворени во четири ѕида, а ако се затворени, можат да бидат непредвидливи, исто како и вие.

Milenikot-e-ogledalo-na-vashiot-karakter-odberete-kuche-mache-ili-mozhebi-nekoe-divo-zhivotno 07 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Откријте детали за вашиот карактер - Која уста ве привлекува најмногу? Сите сме во потрага по сопствениот идентитет. Се чини дека откривањето на сопств...
Тест: Кој од четирите луѓе е смртно болен? Замислете дека во болница ги гледате овие 4 луѓе кои чекаат преглед. Можете ли д...
Тоа што го видовте прво, ќе ви открие од што потајно се плашите и не го покажувате пред другите луѓе Кога ја погледнавте сликата, што прво забележавте на неа – птици, женско лице, г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg