Ако прво го видовте човекот во капут, носите тага во себе – Оптичката илузија открива кој е вашиот приоритет во љубовта

Машко лице – Повлечени сте, но важно ви е да бидете сфатени

На другите околу вас им откривате само една страна од вашата личност бидејќи мислите дека така ќе им се допаднете. Сепак, тоа не значи дека сте лоша личност.

Мистериозни сте затоа што никој не ве познава целосно, но сепак треба да му дадете шанса на партнерот да го направи тоа.

Важно ви е да бидете сфатени од страна на партнерот, а тоа ќе можете да го постигнете само ако дозволите вашата сакана личност добро да ве запознае преку искрена и отворена комуникација.

Личноста во капут – Потребно ви е да се чувствувате прифатено

На десната страна на фотографијата е нацртан маж во капут, а доколку прво го забележавте него, тоа значи дека во себе носите тага и болка.

Потребен ви е некој кој ќе ве сака, ќе ги гледа работите од ваша перспектива и ќе прифати сè што ве мачи.

Бебе на маса – Сакате партнерот постојано да се грижи за вас

Иако сте способни да се грижите сами за себе, секогаш се плашите дека нешто може да тргне наопаку.

Потребен ви е партнер кој ќе ги разбере вашите емоционални потреби и ќе се погрижи да се чувствувате заштитено и сигурно.

Волшебникот кој чита книги – Треба да имате подлабока духовна врска со партнерот

Љубопитни сте, а духовноста ви е на прво место. Копнеете по партнер кој ќе ја разбере вашата желба да дознаете повеќе за смислата на животот, дури и доколку тој ги немате истите верувања.

Фигури во бела облека – Копнеете по предизвик

Тврдоглави сте и мора да држите сè под контрола. Се разбира, тоа не секогаш е можно. Потребен ви е партнер кој ќе биде со вас, ќе ви верува и ќе ве поддржува.

Сепак, тој треба да сака и да ви се спротивстави, или да ве предизвика кога мисли дека не сте во право. Внимавајте да не претерате и да почнете со непотребни расправии.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...
Тест на потсвеста: Првата работа што ќе ја видите открива дали сте под стрес (и како да го намалите) Дали прво видовте силуета на жена и дрво, или лик на маж, кој неодоливо потсетув...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg