Тоа што го видовте прво, ќе ви открие од што потајно се плашите и не го покажувате пред другите луѓе

Ако прво видовте женско лице...

Луѓето околу вас ве доживуваат како силна личност која во секој момент знае што сака од животот. Вие сте перфекционист и не дозволувате работите да се одвиваат без ваша контрола.

Сепак, на крајот од денот, вие сте обична личност на која ѝ треба внимание, љубов и прегратка. Речиси никогаш не ја покажувате својата нежна страна пред другите, затоа што се плашите да не бидете повредени.

Ако прво видовте птици...

Иако на сите им се чини дека имате високо мислење за себе и дека не ве допираат негативните мислења, сепак реалноста е малку поинаква.

Вистината е дека знаете кој сте и што сте, но, од друга страна, немате доволно самодоверба и самопочит кога ќе останете сами во вашите четири ѕида.

Ве плаши фактот што немате доволно храброст да го направите првиот чекор и да ги постигнете целите што толку долго ги посакувате.

Ако прво ги забележавте гранките...

Вие сте личност која живее од љубов и никој не умее да сака како што тоа го правите вие. Во пријателските и емотивните односи сте храбри и секогаш подготвени на сè во име на саканата личност.

Вашиот најголем страв е дека ќе останете сами и сите ќе ве напуштат. Всушност, вие сте многу несигурни во себе, но со вашата харизма и шарм вешто го прикривате тоа.

Ако прво видовте жена со лак и стрела...

Вие сте спонтана личност и ги привлекувате луѓето со енергијата што ја поседувате. Обожавате да излегувате и да патувате, односно сте вистински авантурист.

Но, иако сте многу дружељубиви, вистината е дека всушност најмногу ви се допаѓа кога сте сами.

Не сакате да бидете емотивно врзани за луѓето, бидејќи сте многу недоверливи. Вашиот најголем страв е дека некој ќе ве изневери, бидејќи тогаш можеби ќе бидете подготвени дури и за одмазда.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Реален тест на личноста: Изберете една патка и дознајте што открива за вашиот карактер Дали сте површни и тежнеете кон драма или сте стабилна личност која гледа на жив...
Тест на личноста: Изберете петел и дознајте зошто луѓето ве избегнуваат или зошто сакаат да се дружи... Овој визуелен тест со четири петли, колку и да ви изгледа смешно, сепак ќе ви по...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...
Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...

Најчитани неделава