Силуети на лица или пеперутка – Она што ќе го видите прво открива што ви недостасува во животот

Доколку прво видовте пеперутка

Ако видовте пеперутка, она што моментално ви недостасува е слобода. Вие сакате да поминувате многу време во природа. Сè почесто се фаќате како отсутно зјапате низ прозорецот. Она што моментално ви е потребно е еден добар одмор.

Обидете се да си овозможите некое мало бегство некаде, макар било и само еден викенд. Испланирајте некој ден во природа, истражете ги околните шуми, отидете некаде каде што ќе пронајдете мир за душата и умот.

Доколку од некоја причина не можете да појдете на патување или авантура, овозможете си еден вид на ментално бегство од секојдневието. Правете го она што ве релаксира, читајте книги, слушајте добра музика, медитирајте… обидете се да си најдете свое прибежиште пред полека да го изгубите разумот од секојдневните обврски.

Доколку прво видовте две човечки лица

Она што во моментот најмногу ви недостига е човечки контакт. Ви недостасува комуникација со луѓе и добар разговор. Можеби е време да ги обновите старите пријателства. Јавете им се на старите пријатели, роднини или членови на семејството со кои сте го изгубиле контактот.

Откако ќе се договорите за средба, целосно фокусирајте се на нив и на разговорот. Не дозволувајте вниманието да ви го одвлекува телефонот или тековните

случувања околу вас. Задлабочете се во разговор, отворете си ја душата. Имате потреба некој да ве ислуша, да се искажете и да се поврзете повторно со луѓето, бидејќи долго време бевте осамени.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Чадор или човек - што гледате прво открива тајни за вашиот карактер Дали никогаш не сте целосно задоволни со тоа што го имате, дали постојано трагат...
Психолошки квиз: Вашиот избор открива што ви е важно во животот во оваа фаза Според овој психолошки тест, имате цела ситуација пред вас која треба да ја зами...
Тест на личноста - Што открива омиленото годишно време за вашиот карактер? Дали обожавате тишина или гласни забави? Дали сте лесно доверлива личност или се...
Тест на личноста: Дали видовте волк или јагне (и што открива тоа за вашата ментална зрелост)? Одговорете искрено, дали прво видовте волк или јагне на сликата? Прочитајте го т...
Тест на личноста: Првото животно што ќе го видите открива што најлесно може да ве изнервира На сликата пред вас се скриени 11 животни... тоа што ќе го видите прво открива ш...
Тест на личноста: Вулканот што ќе го изберете открива за каков живот мечтаете Дали некогаш сте се запрашале кој сон ве движи напред, иако, можеби го потиснува...

Најчитани неделава