Патка или зајак - 124 години стара илузија ги бранува социјалните мрежи

124-godini-stara-iluzija-povtorno-gi-branuva-socijalnite-mrezi-shto-gledate-na-slikata-01.jpg

Токму така, на сликата треба да забележите две животни - зајак и патка.

Можеби станува збор за стара илузија, но истата сè уште претставува добар пример преку кој можете да откриете како функционира вашиот мозок.

Истражувачите велат дека креативните луѓе можат многу побрзо и поедноставно да ги забележат двете животни.

Односно колку бргу можете да менувате вашиот ум да ја забележува патката или да го забележува зајакот е знак на тоа колку сте креативни.

Покрај тоа, што попрво ќе забележите исто така зависи и од моменталната ситуација во која се наоѓате.

Така, децата во Америка за време на Велигден многу побрзо го забележуваат зајакот, а за време на Денот на благодарноста ја забележуваат патката.

Денес, оваа илузија повторно ги бранува социјалните мрежи - некои се изненадени, некои се фрустрираат, а некои ја исмеваат сликата.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Колкупати ја гледате буквата „Ѕ“ на сликата? Дали имате изострен вид? Само мал број луѓе можат да ги најдат сите букви „Ѕ“ на...
Квиз со бои кои го лажат мозокот: Колку е добра вашата визуелна интелигенција? Овој квиз дефинитивно ќе ви го збуни мозокот, па дури и ќе ви го прегори – само ...

Најчитани неделава