Визуелен тест: Колку сте задоволни од животот?

Ако гледате апстрактна форма или детски цртеж, односно ништо дефинирано, тогаш вие сте човек кој не сака да биде контролиран од нормите и другите луѓе, ниту пак сакате да живеете под притисок.

Ако гледате врвки или парче материјал со реси, значи дека сте изморени од моменталната животна состојба и неопходна ви е забава и релаксација.

Ако гледате дрво, значи дека во моментов не сте задоволни од ситуацијата во која сте, односно не ви е пријатно. Неопходно ви е емоционално, интелектуално и креативно надоградување.

Ако гледате маса со столчиња околу неа, неопходна ви е комуникација за повторно да почувствувате среќа и задоволство. Ви недостасува поддршка од блиските луѓе.

Ако гледате пат со дрвореди до него, тогаш силно имате одлучено дека ќе го промените животниот тек и не треба да се предомислувате.

Ако гледате моторна пила, нешто сериозно ве мачи и потиснува. Полни сте со страв и анксиозност, како и незадоволство од чувството на немоќ.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Колкупати ја гледате буквата „Ѕ“ на сликата? Дали имате изострен вид? Само мал број луѓе можат да ги најдат сите букви „Ѕ“ на...
Што не е во ред со парот кој бара помош на пуст остров? На сцената се прикажани момче и девојка кои бараат помош на пуст остров, но нешт...

Најчитани неделава