Логичка загатка: Пет пријатели имаат различни алергии - кој е алергичен на што?
Логичките загатки, колку и да се лесни, ни помагаат да го „раздвижиме и вежбаме“ мозокот. Ова е и одличен начин на забава, па пробајте да ја решите точно загатката и да откриете на што има алергија секој од петмината пријатели во загатката...

Пет пријатели - Александра, Бранко, Катарина, Филип и Зоран, имаат алергии и секој од нив е алергичен на нешто различно: полен, школки, убод од пчели, мачки и јаткасти плодови.
Со помош на следниве 4 информации, можете ли да погодите кој е алергичен на што?
1. Александра има алергија на храна.
2. Бранко може да си игра со своето маче со часови без проблем.
3. Алергијата на Катарина не е поврзана со животни.
4. Филип има сезонски алергии.
Можете ли да откриете кој од петмината пријатели на што е алергичен?
Одговорот е на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите?
Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата?
Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...