Детективска загатка: Кое дете го лаже татко си?

Ставете се во улога на татко-детектив, кој треба да открие кое од трите деца го лаже. Колку сте добри во тоа? Прочитајте ја детално загатката, па одлучете... 

detektivska-zagatka-koe-dete-go-lazhe-tatko-si-03.jpg

Колку добро се снаоѓате да откриете кога некој ве лаже? Можете ли да ги забележите и најситните детали?

Понекогаш оние што лажат, сами се фаќаат во замка и лесно може да се откријат, но некогаш е малку потешко. 

Прочитајте ја загатката и пробајте да откриете кој лаже:

Еден ден, Кристијан излегол во дворот за да ужива во колачиња со путер од кикиритки. Тој не сакал да јаде внатре за да не остави трошки, бидејќи неговата сопруга е алергична на кикиритки.

detektivska-zagatka-koe-dete-go-lazhe-tatko-si-02.jpg

Но, кога ја отворил кутијата, видел дека има само едно колаче. Веднаш отишол да ги испраша трите деца.

Ана, најстарата, му рекла: „Заборави ли дека сум на диета?“.

Кате, средното дете, му рекла: „Јас учев горе, немав време за јадење колачиња“.

Јован, најмладиот, одговорил: „Јас бев зафатен, со мама правевме путер од кикиритки“.

detektivska-zagatka-koe-dete-go-lazhe-tatko-si-03.jpg

Кој е виновникот што ги изел скришно колачињата на Кристијан?

Одговорот е на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Загатка за паметни: Ќе ја провалите ли шифрата на сефот? За да го отворите сефот, поставена е загатка која треба да ја решите. Ќе откриет...
Загатка за умни глави: Кое пакување конфети не испукало? Во секое пакување има одреден број ѕвезди во различни бои кои се наведени на амб...
Загатка за најдосетливи: Што е тоа што е цврсто како карпа, а сепак умира ако се исече? Само најдосетливите ќе успеат да одговорат точно на ова трик прашање. Претпостав...
Загатка за сите со висок IQ: Кој број треба да стои на местото на прашалниците? Ако сте добар математичар, имате висок IQ или ако логиката ви е силна страна, ле...
Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg