Детективска загатка: Кое дете го лаже татко си?
Ставете се во улога на татко-детектив, кој треба да открие кое од трите деца го лаже. Колку сте добри во тоа? Прочитајте ја детално загатката, па одлучете...

Колку добро се снаоѓате да откриете кога некој ве лаже? Можете ли да ги забележите и најситните детали?
Понекогаш оние што лажат, сами се фаќаат во замка и лесно може да се откријат, но некогаш е малку потешко.
Прочитајте ја загатката и пробајте да откриете кој лаже:
Еден ден, Кристијан излегол во дворот за да ужива во колачиња со путер од кикиритки. Тој не сакал да јаде внатре за да не остави трошки, бидејќи неговата сопруга е алергична на кикиритки.

Но, кога ја отворил кутијата, видел дека има само едно колаче. Веднаш отишол да ги испраша трите деца.
Ана, најстарата, му рекла: „Заборави ли дека сум на диета?“.
Кате, средното дете, му рекла: „Јас учев горе, немав време за јадење колачиња“.
Јован, најмладиот, одговорил: „Јас бев зафатен, со мама правевме путер од кикиритки“.

