5 задачи од кралот на загатките: Колку ќе успеете да решите?

Популарниот математичар Мартин Гарднер осмислил 5 загатки кои моментално ќе ви ја подобрат работата на мозокот.

5-zadaci-od-kralot-na-zagatkite-kolku-ke-uspeete-da-resite-01.jpg

Затоа, ви ги поставуваме како предизвици за ментална рекреација:

1. Нацртајте една линија со која сликата ќе ја поделите на два еднакви дела. Линијата не мора да биде праволиниска.

5-zadaci-od-kralot-na-zagatkite-kolku-ke-uspeete-da-resite-02.jpg


2.
Имате 10 црвени и 10 сини чорапи кои се наоѓаат во фиока. Овие 20 чорапи се разликуваат само по бојата. Но, во собата е темница, а вие сакате да облечете пар со иста боја. Колку чорапи мора да извлечете од фиоката за да бидете сигурни дека ќе ги спарите боите правилно?


3.
Имате 2 идентични шрафа. Ако со палците ги ротирате како што е прикажано на сликата, во кој правец ќе се движат?

5-zadaci-od-kralot-na-zagatkite-kolku-ke-uspeete-da-resite-03.jpg

а) Шрафовите се оддалечуваат еден од друг

б) Шрафовите се приближуваат еден до друг

в) Шрафовите остануваат во место


4.
Користејќи ја основата на геометријата, докажете дека аголот C е еднаков со збирот на аглите A и В.

5-zadaci-od-kralot-na-zagatkite-kolku-ke-uspeete-da-resite-04.jpg


5.
Една од овие спирали е формирана од само еден коноп кој е споен на самиот крај. Другата спирала е формирана од два конопи кои се споени на своите краеви.

5-zadaci-od-kralot-na-zagatkite-kolku-ke-uspeete-da-resite-05.jpg

Можете да распознаете која е формирана од 1, а која од 2 конопи?

Помош: Пробајте линиите да ги следите со молив или некој тенок предмет.


Кога ќе се откажете, ршенијата откријте ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Учиме за Македонија: Колку километри е долга реката Вардар (и колку од нив се во Македонија)? Дали географијата ви беше силна страна во училиште? Дали се сеќавате на одговоро...
Математичка задача за умни глави: Колку зајаци избројал Перо во градината? Ќе му помогнете ли на Перо да сфати колку зајаци има во градината? Дали математи...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е пужаљка? Колку добро го познавате кумановскиот дијалект? Дали ви е познат овој збор? К...
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е армас? Знаете ли што сака да каже кој ако каже „Вчера видов убава мома на армасо“?...

Најчитани неделава