Задача која не можат да ја решат ни оние кои докторирале математика. Можете вие?

Решение:

Препишете ја змијата на лист како обична равенка:
a + (13b/c) + d + 12e – f – 11 + (gh/i) – 10 = 66

Вашата задача е да ги пронајдете непознатите a,b,c,d,e,f,g,h и i. Како што веќе знаете, овие непознати треба да бидат комбинација од броевите 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9.

Пред да започнете со решавање имајте на ум дека вкупниот број на комбинации кои можете да ги направите е 362,880. После се, задачата и не е така едноставна нели?

За малку да се подсреди равенката можете да го направите следново:
a + (13b/c) + d + 12e – f + (gh/i) = 66 + 11 + 10 односно,
a + (13b/c) + d + 12e – f + (gh/i) = 87.

Оттука можеме да претпоставиме дека b/c и gh/i ќе бидат цели броеви и дека бројот 13b/c нема да биде преголем.

Не грижете се, постојат точно 100 точни решенија, а еве еден предлог.

Ако стоиме до тоа дека бројот 13b/c не треба да биде преголем, можеме на b и c да им ги дадеме вредностите 1 и 2.

Така добиваме:
a + d – f + 26 + 12e +(gh/i) = 87 односно,
a + d – f + 12e +(gh/i) = 61

Цифрите кои ни остануваат се меѓу 3 и 9 и ги вклучуваат простите броеви 3, 5 и 7. Истите можеме слободно да ги дадеме на првите три непознати односно,
a = 3, d = 5 и f = 7.

Остануваме со равенката:
3 + 5 – 7 + 12e + (gh/i) = 61 односно,
2e + (gh/i) = 60

Броевите кои ни преостануваат се 4, 6, 8, и 9.
Ако малку си поиграте со нив, ќе добиете:
e = 4
g = 9
h = 8 и
i = 6

Ја добивате равенката 48 + (72/6) = 48 +12 = 60.

Постојат некои задачи кои може многу едноставно да се решат со знаење, а некои како што е и оваа задача, потребни ви се многубројни обиди.

Во секој случај и двата типа можат носат задоволство кога ќе се решат, нели?

Каква комбинација добивте вие?



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Загатка за остроумни: Колку јајца имате? На социјалните мрежи кружи загатката со 4-те јајца, која за многумина е лесна, н...
Мозгалка за умни глави: Колку брзо ќе се сетите на одговорот? Дали сакате предизвици? Тогаш оваа логичка задача е само за вас. Колку брзо ќе с...
Загатка за умни глави: Што купив најпрво? Дали сакате да решавате загатки и досетки? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе...
Загатка која ќе ви го размрда мозокот - Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали сакате математички предизвици? Ако сакате, тогаш оваа загатка е само за вас...
Загатка за умни глави: Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали математиката ви е силна страна? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе ви се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg